Реклама

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Македонија

Викторија Трајков: Евроинтеграцискиот процес и економскиот развој се врвни приоритети на Владата

„Евроинтеграцискиот процес напоредно со економскиот развој е еден од врвните приоритети на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Евроинтеграцискиот процес напоредно со економскиот развој е еден од врвните приоритети на Владата. Во таа насока, сакам да потенцирам дека сме посветени на забрзување на реформските процеси, а со тоа и остварување на нашата европска агенда“, истакна заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков на денешната втора седница на Националниот совет за евроинтеграции.

Потенцирајќи ја поддршката од Полска во рамките на полското претседателство со Советот на ЕУ, заменик-министерката за европски прашања, Трајков во своето обраќање истакна дека „добиваме охрабрувачки тонови дека нивната континуирана и гласна поддршка за пристапниот процес на нашата земја и понатаму ќе продолжи“.

Заменик министерката за европски прашања Трајков додаде и дека приоритетите на полското претседателство се поистоветуваат со нашите приоритети насочени кон обезбедување на мир и просперитет.

Реклама

„Посветени сме на исполнување на зацртаното во Патоказот за Европската Унија и работиме на негово воедначување со Реформската агенда. Во тој правец, сакам да потенцирам дека веќе е потпишано барањето за исплата на 7 отсто пред-финансирање предвидено со Реформската агенда, чии приоритети ги покриваат областите на зелена транзиција, човечки капитал, развој на бизниси и владеење на правото, но и на инвестиции во енергијата, дигитализацијата, патната и железничката инфраструктура, здравство и образование. Со ревидираната листа од 22 проекти предвидени со Реформската агенда предвидени се инвестиции во износ од 1,3 милијарди евра и потенцијални инвестициски грантови од страна на Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) во износ од 441 милиони евра“ рече заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции, додавајќи дека со оваа помош ќе се обезбеди олеснување на евроинтеграцискиот процес и долготраен раст и развој на нашата држава.

„Ние немаме друг избор освен да продолжиме цврсто во исполнување на нашите приоритети што ќе ни обезбеди место во европското семејство“ подвлече заменик министерката на крајот од обраќањето.