Реклама
Економија

Вицепремиерот Николоски ќе го отвори состанокот за Коридорот 8 во соработка со Делегацијата на ЕУ

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, ќе присуствува и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, ќе присуствува и ќе го отвори работниот состанок на тема „Коридор 8 – активности и проекти”, кој се организира во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Скопје. 

Како што информираат од Министерството за транспорт, работниот состанок е од затворен карактер.

Предвидени се изјави за медиумите од замeник-претседателот на Владата, Николоски, и заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау, во 10 часот во Клубот на пратениците.