Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Вевчанскиот пркос згасна на момент, карневалската традиција се повлече пред човечноста

Вевчанскиот пркос згасна, затаи непредвидливиот креативен дух  на василичарите кој попладнево требаше да кулминира на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вевчанскиот пркос згасна, затаи непредвидливиот креативен дух  на василичарите кој попладнево требаше да кулминира на плоштадот пред општинската зграда каде со палењето на маските,практично завршува карневалот.Вевчани тагува,загубата на 19 годишното момче кое денеска го испратија до неговото вечно почивалиште, ги потресе сите.

“ Вевчанци се достоинствени луѓе и достоинствено го испративме Милан. Синоќа,како и денес, сите адети ги направивме во далеку помал интензитет, колку да се обележи и зачува традиција”,вели хроничарот Сашо Бетоски.

 “Соочени со  трагедијата што му се случи на Вевчани, загубата на нашиот Милан поворките поминаа тивко колку да се обележи Свети Василија, во текот на денот се случија тие традиционални адети,се наполна вода но во вечерните и раните утрински часови, се помина тивко и незабележливо.Обемот ќе е помал во се, Вевчанци се луѓе на достоинство и достоинствено ќе ги направиме и едното и другото.Милан е наше дете, сочувствуваме со трагедијата што се деси, нема желба кај вевчанецот за нешто поголемо”-вели Бетоски.

Реклама

Палење на маските нема да има, василичарите во текот на денот ќе поминат низ центарот на селото,без традиционалните василичарски ора. Ќе посетат неколку домови на оние кои го носат името Свети Василиј и го слават својот именден.

Сепак убавиот сончев ден намами бројните туристи кои не знаејќи за немилиот настан дојдоа да ги видат маските.

-“Да, ние дојдовме денес од Скопје но за жал не гледавме вести и не видовме што се има случено, така да се надеваме дека ќе успееме да видиме барем некоја маска и да го искористиме овој убав сончен ден и малку ќе се прошетаме”вели гостинка од Скопје.

Најстарата карневалска традиција кај нас,карактеристична по уникатните маски постои откако постои Вевчани,но никогаш не било толку тажно.

Улиците во Вевчани се празни,прв пат во овие 15 века колку што постои карневалот ги нема василичарите. Можат да се сретнам само туристи кои дошле да прошетаат, иначе поголемиот дел од угостителските објекти се затворени.

Росица Голабоска