Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Вевчани го слави Денот на непокорот и 30 години од постоењето на Општината

Вевчани денеска го слави Денот на непокорот – 39 години од Вевчанскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вевчани денеска го слави Денот на непокорот – 39 години од Вевчанскиот случај, а Општината 30 години од постоењето.

Во рамките на одбележувањето во мултикултурен центар „Коста Србакоски“ ќе се одржи свечена академија по повод 30 години Општина Вевчани и концерт на класична музика со Елена Шутиноска. Предвидено е отворање на 8-та ликовна изложба „Вевчанските уметници од Вевчани за Вевчани“, а за забавниот дел е задолжена Анита Мицова.

Седми август, според градоначалникот Спасе Кочовски, е значаен датум за вевчанската историја. 

Реклама

– Постојат датуми што не се само дел од календарот – тие се дел од нашиот идентитет. Седми август е ден што ја носи симболиката на Вевчанскиот непокор – ден на достоинството и непокорниот дух на Вевчанци. Оваа година, кога Општина Вевчани одбележува 30 години од своето постоење, овој датум добива уште посилна симболика и значење, истакна Кочовски.

Вевчани и вевчанецот, нагласи тој, станаа пример за непокор и достоинство. Во август 1987 година жителите на Вевчани се спротивставиле на одлуката на тогашните власти за пренасочување на водата од Вевчанските извори во селото Октиси и населбата Елен Камен кај Струга. „Вевчанскиот случај“ почнал на 5 и 6 август, кога и покрај договорот на месните заедници од Вевчани и Октиси да се постават цевки од Вевчанските извори за водовод во селото Октиси со помал пречник, мештаните затекнале многу поголеми. На тоа се спротиставило локалното население од Вевчани. Со жив штит не дозволувало поставување цевки за водоводниот систем. Немирите кулминирале на 7 август, кога специјалната полиција за да го растера народот употребила електрични палки, а повеќе лица биле уапсени.