Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Вештачењето пристигнало во Обвинителството: Ќе има ли обвинение за Дрин Ахмети?!

Завршено вештачењето на пиротехничките средства на Дрин Ахмети, скопското Обвинителство ги добило…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршено вештачењето на пиротехничките средства на Дрин Ахмети, скопското Обвинителство ги добило материјалите  и сега ќе одлучува дали ќе има обвинение против внукот на Али Ахмети.

-Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје го достави вештачењето со известување за настанот. Предметот е распределен кај јавен обвинител кој презема дејствија, велат од ОЈО Скопје за Алфа.

Голем број правници се на ставот, дека според она што е пропишано со закон тој треба да одговара согласно член 396 од Кривичниот законик, за кој е предвидена казна затвор и до 10 години, но за тоа сега ќе одлучува Обвинителството.

Реклама

Првиот човек на МВР претходно кажа дека полицијата ја завршила својата работа и одговорноста ја префли кај Обвинителството. Според Оливер Спасовски во поднесокот на Министерството за внатрешни работи стоел и членот 396 од Кривичниот законик, што треба да значи и кривична одговорност од Ахмети. 

-Ние сме поднеле известување до Јавното обвинителство во однос на нашите сомненија, и по овој член(мислејќи на 396 од КЗ), меѓутоа треба да се земат во предвид, овие факти и докази кои што се, и врз основа на тоа, ќе ги донесе одлуките, изјави Спасовски во првиот ден од годинава.

Дрин Ахмети беше фатен со 749 парчиња пиротехника пред шест дена, на 30-ти декември. Според премиерот Димитар Ковачевски, тука немало никакво политичко буре барут кое може да ги разгори односите во коалицијата. Бил едноставно фатен при редовна полициска контрола.

Јавноста се уште не знае каде со лисици на рацете Дрин Ахмети беше спроведен со цивилно возило на полицијата. Три часа пееше во „Беко“, откако тигри во близина на старата скопска чаршија го фатија со полн гепек пиротехника од „ренџ роверот“ со албански регистарски таблички. 

Инаку, името на младиот Ахмети стана актуелно кога за нула си доби 39 проценти од Трговскиот центар Соравија во Центарот на Скопје, чија вредност е проценета на повеќе од 30 милиони евра. Тогаш за оваа купопродажба на Дрин Ахмети не се заинтересира ниту полицијата, ниту Обвинителството.

Матеја Петровски