Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Весела и опуштена новогодишна ноќ во Охрид кој блесна во полн сјај

Со величествен огномет Охрид новогодишно, блесна во полн сјај,туристичкиот центар преполн, го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со величествен огномет Охрид новогодишно, блесна во полн сјај,туристичкиот центар преполн, го собра Балканот во мало. Домаќините и илјадниците гости заедно одбројувајќи на глас, ја дочекаа 2024-та.Многу радост, бакнежи и прегратки- се овековечуваа спомени ,се посакуваа желби. На градскиот плоштад беше весело,оставајќи ја зад себе старата година,присутните зборуваа за своите скромни очекувања и желби.

–“Па ние како охриѓани штом се одлучивме и оваа нова година да ја дочекаме тука на градскиот плоштад, помеѓу нашите сограѓани,значи атмосферата како и секоја година е одлична,сите гости се тука, па зошто не и ние домаќините. -Добра организација, убава музика,па да бидеме здрави, среќни, весели, просперитетни.-Здрави, живи, весели тоа е тоа,многу пари толку.Пари има? Слабо, со оваа држава нема пари.-Одлично е се’ ние неодамна се преселивме од Белград во Охрид,заради воздухот, климата,затоа што е преубаво овде.Посакувам  здравје, среќа мир.-Да живее Македонија, воодушени сме.Да живееме и понатаму убаво и весело и музиката секогаш да не прати, ете тоа посакувам”

Задоволен од атмосферата беше и таткото на градот кој не само што славеше со своите сограѓани и многубројните гости,туку ја запеа една од најубавите наши песни “Лихнида, кајче веслаше.” 

Реклама

 “Очекувам конечно промена на системот односно функционирање на ситемот, затоа што во овие 30 години иако имавме и светли моменти морам да кажам, сепак е време за еден момент кога ние како политичка генерација ќе направиме промени кои што ќе направат услови за сите оние кои што живеат во Македонија да се чувствуваат онака како што заслужуваат и е достоинствено”-рече Кирил Пецаков,градоначалник на Охрид

Спасувајќи ја удавената во долгови општина Пецаков и има за што да пее,тој вети завршување на отпочнатите и реализирање на нови капитални објекти.

Охрид синоќа ликуваше во мирен амбиент, без инциденти,но докторите од итната медицинска помош цела ноќ пробдеале, имавме велатмногу повици и интервенции.Доаѓаа пациенти во алкохолизирана состојба,некои со високи температури и симптоми на вирози.После многу години, два часа по полноќ се слушна бебешки плач.Во новата  година првото новороденче во Охрид е здраво машко бебе.

Росица Голабоска