Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА ГО ОДОБРИ, Предлог Законот за Судски совет е во владина процедура

Предлог Законот за Судски совет е прикачен на е-Влада а Министерството  за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог Законот за Судски совет е прикачен на е-Влада а Министерството  за правда го доби и мислењето од Венецијанската комисија, извести Министерството за правда .Станува збор за конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус.

Тие забелешки веќе се разгледани. Особено значајно за нас е што Комисијата го препозна транспарентниот и инклузивен процес при изработката на законот – преку јавни расправи, експертски консултации и вклучување на сите клучни чинители.

Тоа е потврда дека одиме во вистински правец и дека нашите реформи се усогласени со европските стандарди. Овој пристап директно придонесува за зајакнување на довербата во законодавниот процес и во правосудството во целина.

Реклама

Ова е клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството.

Клучни новини кои се предвидени со Законот:

  • Се предвидува јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна.
  • Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“. Истакнати нови, појасни квалификации.
  • Воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност.
  • Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите.
  • Унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ.

За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега Македонија директно одговара на таа препорака.

Се очекува Предлог Законот за Судски совет наскоро да биде усвоен во Собрание, како што и беше предвидено.