Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Велковски: Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и во иднина

Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и во иднина и тоа зголемени. Ова го изјави вечерва Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Одговарајќи на прашања околу иселувањето на младите, Велковски во интервју за една од националните телевизии рече дека економскиот дел е важен сегмент што најмногу влијае врз едно семејство за да не се иселува. Притоа, подвлече дека економски мерки се преземаат, намалување на инфлација, отворање нови работни места особено во приватниот сектор со поголеми плати и сет други мерки во здравство, образование, детски градинки. 

– Преземаме сет мерки за мотив да останат младите и да не се иселат. Веќе има резултати. Имаме стратегија во оваа смисла и за зголемување на наталитетот, рече меѓу другото, Велковски.

Реклама

Во однос на питачењето, особено од страна на деца, Велковски рече имало план и конкретни чекори, за да се реши проблемот и ќе се работи и со семејствата и со децата.

Велковски истакна дека се решавал и проблемот и со недостаток на вработени во детските градинки. Упатувајќи критики за претходното работење, тој нагласи дека сега системски се постапува и со надминување на проблемот со листи за чекање при запишување деца во градинки. Се осврна и на инвестициите во изградба на нови градинки и простори за деца. 

Околу жалбите за работата во одделни центри за социјални работи, тој одговори дека биле констатирани недостатоци во минатото, а инспекциите биле засилени на терен, со цел брзо и ефикасно решавање на проблемите. Во изминатите години, тој рече дека имало затајувања на системот, па посочи оти за една година имало придвижување.