Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Велковски: Милионски криминал во системот за социјална помош

Милионски криминал со системот за социјална помош. Техничкиот министер за труд и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Милионски криминал со системот за социјална помош. Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски обелодени скандалозни информации со сериозни индиции за тежок криминал и злоупотреби во министерството со ситемот за доделување социјална помош. Според информациите кои ги добил од инспекциските служби, досега се откриени над 2200 луѓе кои со месеци земале социјална парична помош од државата, а не ги исполнувале законските услови за такво нешто. Велковски се сомнева дека се случувал огромен организиран криминал кој прави милионски штети на буџетот кои изнесуваат и над 200 милиони денари:

  • „Инспекциските служби од министерството веќе од денес започнаа вонредни инспекциски надзори, се со цел, да се открие кој навистина стои позади овој криминал од милионски размери. За појаснување на ситуацијата за јавноста. Се работи за над 2200 корисници, кои примиле гарантирана минимална помош и социјална пензија, пријавиле дека не поседуваат возило, а според евиденцијата на МВР, тие се сопственици на такво превозно средство.“– Истакна техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

Најголем сомнеж за криминал има во Скопје, каде има детектирано над 700 случаи. Потоа следуваат Куманово и Прилеп, каде има над 200, па Битола со 160, односно Гостивар со над 100 сомнителни случаи.

Министерот Велковски вели дека доколу се утврди одговорноста, први на удар ќе се најдат вработените во локалните ограноци на министерството, како и нивните директори.

Реклама
  • „Во самите центри, предметите ги работат определни службеници, на кои им е доделен предметот, кои го примиле барањето. Меѓутоа, крајното одобрување го имаат директорите на центрите за социјална работа, кои го потврдуваат целокупниот список, а потоа исплатите одат согласно податоците одат од министерството за труд и социјална политика кон корисниците.“ – Додаде министерот Велковски.

Според досегашните сознанија дел од исплатите биле и ретроактивни, што според Велковски е уште едно криминално изигрување на системот. Инаку, по завршување на процесот за пронаоѓање на одговорните, оние над 2200 луѓе кои земале социјална парична помош а не ги исполнувале условите, ќе мора да ги вратат парите назад во државниот буџет, а воедно ќе го изгубат и правото за една година да не можат да аплицираат повторно.

Попладнево пристигна реакција од кабиентот на дополнителната заменичка министерка Јована Тренчевска.

Оттаму велат дека кај сите случаи каде е утврдено дека корисникот дал лажни инфрмации за поседување на имот, се укинува правото на социјална заштита и корисникот ги враќа парите. Додаваат дека во февруари бил потпишан меморандум за соработка со МВР за размена на податоци во реално време со цел превенција од злоупотреби. Сепак, во соопштението никаде не кажуваат дали и колку злоупотреби биле откриени.

Никола Цветкоски