Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Велковски: До средина на јануари ќе се склучи договор за изградба на Дом за стари лица во Кочани

До средината на јануари се очекува склучување на договор за изградба на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До средината на јануари се очекува склучување на договор за изградба на старечки дом во општина Кочани, најави денеска заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.

Тој посочи дека станува збор за проект којшто ќе се реалзизира со помош на Владата, како дел од вториот повик за користење на средства од унгарскиот заем.

Велковски вели дека дополнително, потпишан е договор за изградба на старечки дом во Кавадарци, а се очекува да се надминат техничките проблеми за да почне со работа старечкиот дом во Пробиштип.

Реклама

– Вториот кој веќе е распишан од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади на 31 декември е старскиот дом во Кавадарци. Во Пробиштип веќе има проект кој е добиен, но заради технички проблеми се чека за и тој да стане реалност. И уште неколку други се во фаза на разгледување, вели Велковски.

Кога станува збор за домот за стари лица во Штип, потребно е надминување на сите правни елементи со цел граѓаните од трето доба да добијат место каде ќе може да бидат згрижени. Во моментов, објектот кој е изграден до фаза карабина има статус на дивоградба.

– Треба прво да се разрешат тие правни елементи кои не зависат од нас како Министерство, вели Велковски.

Во Источниот планскиот регион, дом за стари лица има само во Берово, но неговиот капацитет не е доволен за граѓаните од регионот.