Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Економија

Велика Британија инвестира 5 милијарди фунти во Македонија: Стратешко партнерство со ефекти за цел регион

По Брегзит, Обединетото Кралство сè поинтензивно го користи инвестиционото портфолио како алатка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По Брегзит, Обединетото Кралство сè поинтензивно го користи инвестиционото портфолио како алатка на надворешната политика, настојувајќи да ја преформулира својата глобална улога. Еден од најновите примери за ваквиот пристап е стратешкото партнерство со Македонија, кое предвидува британска поддршка од 5 милијарди фунти преку UK Export Finance, пишува американски Newsmax.

Соработката го опфаќа развојот на повеќе клучни сектори – здравство, енергетика, транспорт и дигитална инфраструктура – и има потенцијал да ја трансформира македонската економија.

-Ова партнерство  овозможува на Македонија да го искористи искуството и најдобрите практики на британската јавна администрација и бизнис секторот, што ќе помогне да се подигне нивото и на администрацијата и на бизнис заедницата во земјата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Реклама

Покрај економските придобивки, Велика Британија со овој потег ја зацврстува и својата геополитичка позиција во Балканот – регион кој игра сè поголема стратешка улога во Европа. Досега се потврдени три групи на проекти: изградба на брза железница по Коридорот 10, изградба и реконструкција на болници во повеќе градови, како и изградба на медицински факултет и студентски дом во Штип.

Овие проекти ќе имаат мултипликативен ефект – ќе ја подобрат поврзаноста, ќе поттикнат раст во дополнителни сектори и ќе ја зголемат конкурентноста на македонската економија.

Покрај инфраструктурните придобивки, очекувањата се дека проектите ќе создадат и илјадници нови работни места, што е особено значајно за младата работна сила.

Развојот на брзата железница, пак, нема да биде важен само за Македонија, туку и за цел Балкан, бидејќи ќе овозможи подобра регионална интеграција и економска поврзаност, стои во објавениот текст на Newsmax.