Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

Велигденска трпеза со стегнати ремени: Препразнично цените повторно се вивнаа, посебно на пазарите

Табла јајца може да се набави по цена од 180 до 250…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Табла јајца може да се набави по цена од 180 до 250 денари. Килограм јагнешко може да се најде за 600 денари, а телешко од 800 до 1200 денари за килограм. Јунешкка шницла е околу 650 денари за килограм. Свежо свинското и пилешко вообичаено се поефтини. Пример свинска кртина плешка чини околу 350 денари ,исто толку и ребрата, а свински бут без коска е околу 400 денари. Пилешкото филе во различни маркети, има различна цена од 350 денари па нагоре.
Ако крставиците пред сезоната се продаваа за 120 до 130 денари, сега по пазарите се нудат по цена од 100 до 110 денари. Китката млад лук и кромид кој чинеа по 20 денари за парче, сега е 15 денари..


Кампањата на Владата помалку трошоци трае до 30 април до кога маржите ќе бидат ограничени на 10 проценти во трговијата на мало и исто толку во трговијата на големо за основните прехрамбени производи, а најавено е и проширување на кошничката. Новата кошничка се планира да опфати над 100 групи производи, а дополнета ќе биде и со непрехранбени производи со високи маржи. До крајот на месецов треба да бид епознато што ќе содржи.
Според последните статистички податоци цените во март се пониски за 1,3 отсто во однос на месец февруари. Според Државниот завод за Статистика, во март најмногу се намалиле цените на храната и безалкохолните пијалоци. Во однос на февруари, мартовската цена на зеленчикот и месото е помала за 3,8 проценти, а единствено зголемување во категоријата храна има кај овошјето.