Реклама

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Македонија

Велев: Иако тендерот е завршен, има недостаток на ленти и глукомери за дијабетичари

Во земјава има околу 40.000 лица на инсулинска терапија и антидијабетна терапија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во земјава има околу 40.000 лица на инсулинска терапија и антидијабетна терапија. Лицата со дијабетес во изминатите две недели се соочуваат со недостаток на ленти и глукомери. Не знаеме зошто тендерот се уште не е операционализиран изјави денеска претседателот на Здружението на дијабетичари на Македонија Љупчо Велев пред почетокот конференција „Современиот човек и дијабетесот – контрола, квалитет и достоинство“, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија што се одржува под мотото „25 години борба, посветеност, солидарност и надеж“.  

– Вкупно на инсулинска терапија и на антидијабетна терапија се околу 40.000 пациенти. Со ТИП 1 се 4000, другите сите се на дијабетна терапија. Моментно во последните две недели нема ни ленти нема ни глукомери. Веќе еден месец и половина луѓето немаат со што да мерат шеќер затоа што Министерството (за здравство) се уште не организирало да се дистрибуираат. Исто така почнува да се намалува и бројката на сензори затоа што новиот тендер не е операционализиран, не знаеме зошто, немаме информација. Очекуваме да се пуштат новите сензори. Во меѓувреме лицата со дијабетес 1 кои се на сензори добиваат од стариот контингент, изјави Велев. 

Според него, веќе една година исто така има континуиран недостиг на антидијабетна терапија, односно на инхибиторите за заштита од кардиоваскуларни компликации на лицата со дијабетес.  

Реклама

Повод за конференцијата е 25-годишниот јубилеј од основањето на Сојузот кој ќе одржи и свечена академија со презентација на резултатите од реализираните активности и ќе додели признанија.

Ова е прва пациентска конференција посветена на дијабетесот и најчестите коморбидитеди како дел од метаболниот синдром, на која исто така беше промовиран и Прирачник за исхрана на дијабетичари. 

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.  

Содржината на овој Прирачник е распределена на девет добро смислени поглавја кои овозможуваат логично и постапно да се совладаат принципите на здрава исхрана.

– Главната порака на нашиот прирачник е дека здравата исхрана не е ограничување, туку можност и здрава исхрана му е потребна на секој здрав човек, изјави д-р Цветанка Волкановска Илиевска, од Клинката за ендокринологија. 

Прирачникот, објаснува таа, содржи совети за исхраната, како да се организира исхраната во чинијата, како да се бројат јаглехидратите, како да се направи балансиран сооднос на макронутриентите, кои производи се корисни, како да се намали внесот на ултрапроцесуираната исхрана… 

Иванка Караѓозова Трчкова од Велес, претседател на Здружението на дијабетичари од Велес и пациент од дијабетес тип 1 речиси 30 години, вели дека луѓето како неа секојдневно се соочуваат со многу предизвици. Почнувајќи од регулација на гликемијата, терапија што секојдневно треба да се прима како пациенти, како и со недостаток на некои делови од терапијата кои сами ја набавуваат, со едукација, со исхрана со баланс, со спортски активности.

-Во глобала со баланс меѓу секојдневните обврски кои треба да ги вклопиме заедно со регулацијата на шеќерот и дијабетот, рече Караѓозова Трчкова. Бидејќи сега нема ленти и глукомери, таа вели дека сами си ја надокнадуваат терапијата и средствата кои се потребни за да се регулира шеќерот. 

Видеото може да го погледнете на следниот линк: