Реклама
Македонија

Велешки основци го одбележааа Денот на Европа – 9 Мај

Учениците и наставниците од Општинското основно училиште „Васил Главинов“ од Велес по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учениците и наставниците од Општинското основно училиште „Васил Главинов“ од Велес по повод претстојниот Ден на Европа-9 мај  денеска во спортската сала „Гемиџии“  организираа настан под мотото „И ние сме Европа“ во рамки на кој учениците и наставниците активно учествуваа во различни активности.

Денешната активност е во рамките од Еразмус плус програмата која со повеќе проекти повеќе години наназад успешно се реализира во оваа најголемо велешко основно училиште и едно од најголемите  во земјава,  информира попладнево професорката по физичко Весна Николова координаторот на Еразмус проектот за оваа училиште.

Таа појасни дека  денеска во спортската сала на овој настан преку презентации и филм, учесниците имале можност да ги споделат своите искуства како дел од Еразмус проектите.

Реклама

 -Со тоа тие денеска им  ги пренесоа на своите другарчиња  знаењата, културните вредности и  пријателствата стекнати со ученици од различни европски земји, преку Еразмус проектите на Еразмус плус програмата, појасни Николова.

Додаде дека настанот беше одлична можност да се истакне значењето на соработката, мобилноста и европските вредности, како и да се поттикнат нови генерации ученици да бидат дел од ваквите меѓународни искуства.

Воедно на денешната програма велешките основци  беа запознати дека на 9 мај во 1950 година била дадена Шумановата декларација од Роберт Шуман француски министер за надворешни работи. Со оваа декларација се предложило создавање на заедничка организација за управување со јагленот и челикот меѓу европските држави. Целта била да се спречат идни војни во Европа и да се поттикне мир и соработка по ужасите на Втората светска војна. Затоа и 9 мај се слави како симбол на мирот, единството и соработката меѓу европските народи.

Николова ги информира учениците дека Еразмус плус програмата на Европската Унија подржува образование, обука, млади и спорт.

Таа им овозможува на учениците, наставниците, студентите и младите луѓе да учат или посетуваат обука во други европски земји, да разменуваат искуства и идеи со врсниците од различни култира, да развиваат нови вештини, како јазици, тимска работа и комуникација, и да учествуваат во заеднички проекти и активности.

Професорката Николова информира  дека нивните први обиди за оваа програма како ООУ „Васил Главинов“ Велес се од 2017 година, но првиот проект го добиле од 2019 година. Од тогаш до денес имаат добиено и реализирано 7 Еразмус плус проекти од  програмата: КА210, КА101, КА122, КА229, КА220.

Во нивна реализација од ова најголемо велешко училиште и едно од најголемите во земјава досега  учествувале 20 наставници и 60 ученици, а темите биле од: Инклузија, Тимска работа, Родова еднаквост и спорт.