Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Минчев: Академијата за стручно усовршување и обука – темел за нова генерација професионални административни службеници

Професионална, ефикасна и одговорна јавна администрација се гради со луѓе кои имаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Професионална, ефикасна и одговорна јавна администрација се гради со луѓе кои имаат знаење, компетенции и капацитет да одговорат на потребите на граѓаните – истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање на конференцијата „Патоказ за Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници: заедничка мисија“, посветена на досегашниот напредок и следните чекори за воспоставување на Академијата.

Министерот нагласи дека реформата на јавната администрација не завршува со донесувањето закони и утврдувањето процедури, туку мора да се потврди преку квалитетот на работата на институциите и услугите што ги добиваат граѓаните.

-Професионална администрација не се гради само со нови правила, туку и со луѓе кои имаат знаење, интегритет и капацитет да ги применуваат тие правила. Затоа Академијата ја гледаме како траен механизам за професионален развој, а не како проект со ограничено времетраење – истакна Минчев.

Реклама

Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, како што информираат од Министерството, е дел од поширокиот процес на професионализација на јавната администрација. Министерството веќе работи на нејзиното институционално поставување, организацискиот модел, развојот на програмите за обука и дефинирањето на приоритетите. Целта е Академијата да започне со работа на почетокот на 2027 година и да обезбеди континуирано надградување на знаењата и компетенциите на административните службеници.

На конференцијата се обрати и Јелена Мрдак, в.д. директорка на Регионалното училиште за јавна администрација – РеСПА, која ја истакна важноста на партнерството и институционалната соработка во процесот на воспоставување на Академијата. Соработката со РеСПА овозможува поврзување на домашните реформски приоритети со регионалните искуства и добрите практики, како и размена на знаења и експертиза за развој на одржлив систем за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Минчев посочи дека досегашните активности и соработката со меѓународните партнери претставуваат важна основа за понатамошниот развој на Академијата. Притоа, нагласи дека поддршката треба да биде насочена кон конкретните потреби на администрацијата, преку современи програми, размена на експертиза, развој на обучувачи и примена на европските и регионалните практики.

На конференцијата беа презентирани визијата, остварениот напредок и патоказот за развој на Академијата, по што следуваше дискусија со претставниците на дипломатскиот кор, меѓународните организации и партнерите за приоритетните области и координацијата на идната поддршка. Министерството за јавна администрација останува посветено на воспоставување функционална и одржлива Академија, која ќе придонесе кон долгорочен професионален развој на административните службеници и поквалитетни услуги за граѓаните.