Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Министерството за финансии: Усвоен законот за државна ревизија, воспоставуваме современа рамка за работа на државната ревизија

Министерството за финансии соопшти дека законот за државна ревизија, што денеска го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за финансии соопшти дека законот за државна ревизија, што денеска го донесе Собранието, е значаен чекор во натамошното унапредување на системот на јавните финансии, јакнењето на институционалната независност на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и зголемувањето на отчетноста и транспарентноста во управувањето со јавните средства.

– Предложениот закон воспоставува посовремена рамка за функционирање на Државниот завод за ревизија, со посилен акцент на неговата независност, професионалност, транспарентност и квалитетот на ревизорската работа. Крајната цел е државната ревизија да има уште посилен придонес кон законско, економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства, како и кон поголема отчетност на институциите пред Собранието и пред граѓаните – велат од Министерството за финансии.

Една од клучните новини на законот е во насока на дополнителното зајакнување на независноста на Државниот завод за ревизија. Со предлог-законот јасно се утврдува дека ДЗР самостојно и независно одлучува кои ревизии и кои субјекти ќе бидат вклучени во годишната програма за работа. Исто така, предлог-законот го прецизира и опсегот на државната ревизија. Покрај институциите и другите субјекти што располагаат со јавни средства, се предвидува можност за ревизија и кај субјекти поврзани со субјектите на ревизија, кога постои економски, финансиски или друг вид интерес и кога се користат средства што претставуваат јавни расходи.

Реклама

Значајни новини се предвидуваат и во однос на изборот и статусот на главниот државен ревизор и неговиот заменик, во насока на зајакнување на професионалните критериуми за избор и се прошируваат и надлежностите на главниот државен ревизор. Особено внимание е посветено и на професионализацијата на Државниот завод за ревизија и развојот на човечките ресурси.

– Важен сегмент од реформата е и зајакнувањето на транспарентноста и следењето на ефектите од државната ревизија. Со предлог-законот се посветува внимание и на следењето на степенот на спроведување на дадените препораки, кое се поставува како јасно дефинирана постапка. Ова особено од причина што крајната цел на државната ревизија не е само да ги констатира слабостите, туку да придонесе тие да бидат отстранети и да се подобри управувањето со јавните средства – посочува Министерството за финансии.