Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

„Што ќе работам?“ – настан на ИНОВА за професионална ориентација на средношколци

Средношколци од Скопје денеска присуствуваа на настан „Што ќе работам?“, посветен на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средношколци од Скопје денеска присуствуваа на настан „Што ќе работам?“, посветен на кариерната инспирација, претприемништвото и професионалното насочување, организиран од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.

Тие следеа презентации и слушаа корисни искуства од претприемачи, претставници од компании и од факултети, што би им помогнале да откријат нови можности и да бидат поблиску до остварувањето на нивните цели. Целта на организаторот на настанот беше да им помогне на младите како во динамичен свет да ги препознаат можностите и како нивните знаења, идеи и интереси да ги претворат во реални професионални перспективи. 

Директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, им порача на младите дека не мора уште денес да знаат што ќе работат, но оти е важно да бидат љубопитни, да учат и да откриваат што е тоа што ги исполнува и во што се најдобри, да не се плашат од грешки и да сонуваат за своите идеи. 

Реклама

​ -Успехот не значи само да најдете работа, успех е да го пронајдете своето место, да го искористите она по што сте добри и преку своето знаење и талент да создавате вредност за себе, за заедницата и за општеството.  Можеби токму денес некој од вас ќе слушне идеја или приказна што ќе го инспирира да го направи првиот чекор кон својата иднина.  Бидете љубопитни, храбри и упорни, истакна Димовска. 

Додаде и дека од ИНОВА тие ќе имаат поддршка за  основање сопствен бизнис, со кој своите идеи ќе ги преобразат во реалност.  

​-Токму тука ние ја даваме поддршката преку мерката за поддршка за самовработување, односно претприемништво, коешто го спроведуваме заедно со Агенцијата за вработување.  ​Поддршката опфаќа обуки, можност за грантови, како и менторска поддршка за раст и развој на вашите бизниси.  Доколку сте охрабрени да одите во претприемачките води, никогаш нема да бидете сами на тој пат, ние сме тука и стоиме зад вас, истакна Димовска.

Министерката за образование и нака Весна Јаневска изјави дека настанот е корисен зашто ќе им помогне на учениците професионално да се ориентираат „во правец на своите амбиции, но секако и според нивните способности и можности“. 

-Присуствуваат ученици, професори и претставници на бизнис-заедницата со цел да ги вмрежиме и на учениците да им помогнеме професионално да се ориентираат. Вмрежувањето ќе придонесе за развој на државата, а ние како Влада го направивме првиот чекор и во последното законско решение ги вметнавме професионалните советници и во основното и во стручното образование и ги едуциравме, што беше дел од реформската агенда. И тој индикатор односно чекор го исполнивме, изјави Јаневска. 

Во обраќањето таа истакна дека во време на брзи промени, новите технологии, вештачката интелигенција, зелените иновации и дигиталната трансформација создаваат нови можности, но и нови барања за знаења, вештини и квалификации. 

-Затоа изборот на образование и професија денес е посложен од кога било досега. Како Министерство, работиме на усогласување на овие две потреби: од една страна – да обезбедиме образование што развива современи компетенции, а од друга страна – да им помогнеме на учениците полесно да ги препознаат своите потенцијали и да донесат информирани одлуки за сопствената иднина, рече Јаневска.

Посочи дека од оваа учебна година над 10.800 ученици во прва година средно стручно образование учат според модернизирани наставни програми, кои ги вклучуваат СТЕМ-компетенциите, зелените и дигиталните вештини во сите струки. За спроведување на реформата, обучени се 569 наставници и зајакната е соработката со приватниот сектор. 

-Целта е младите да стекнат знаења и вештини што ќе им помогнат да одговорат на потребите на современиот пазар на трудот и на предизвиците на зелената и дигиталната транзиција, додаде Јаневска.

На новинарско прашање кои факултети биле најчесто избор за матурантите оваа академска година, министерката одговори дека најголем бил интересот за Медицинскиот и за техничките факултети. Со исклучок на Економскиот и Правниот факултет, на општествените и хуманистичките науки е послаб интересот за студии. Интересот на средношколците при определбата за високо образование, според Јаневска, соодветствува на потребите на пазарот на трудот.