Реклама

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Македонија

Вечерва свечено отворање на „Македонско село“ – локалитетот го враќа своето место на културната и туристичката мапа на Македонија

Вечерва свечено отворање на комплексот „Македонско село“. Со почеток во 19 часот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вечерва свечено отворање на комплексот „Македонско село“. Со почеток во 19 часот и 30 минути, овој значаен локалитет за Скопје и Македонија повторно ќе прерасне во средиште на културната интеракција, наследството, изворната архитектура и туристичката понуда на државата.

Македонско село претставува одредиште за локални и меѓународни посетители, за ученици и академци, за творци и научници, за сите оние кои сакаат да ја доживеат душата на Македонија – динамична, срдачна и достоинствена.

„Горд сум на реотворањето на комплексот кој речиси седум години беше затворен и сведочеше за недомаќинско и неодговорно управување во минатото“, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. Томовски нагласи: „Испраќаме јасна порака – кога постои визија, кога има одговорност и посветена работа, државниот имот може и мора да биде ставен во функција на граѓаните и националниот интерес.“

Реклама

„Македонско село“, додава тој, „го враќаме како жив симбол на македонската историја, како економски двигател за локалниот развој и како пример дека кога државата управува чесно, резултатите се видливи и трајни“.