Реклама

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

Македонија

„Вечер“: Наменски формирана невладина за изборен поткуп

Заев и СДСМ фатени на дело, струмичката хуманитарна организација „Сите заедно можеме“…

Сподели:

Заев и СДСМ фатени на дело, струмичката хуманитарна организација „Сите заедно можеме“ која не успеа да ги подели хуманитарните пакети наводна донација од семејството Заеви, среде полициски час пред неколку дена, оти беше спречена од полицијата, е формирана на 6 април – неколку дена откако СДСМ да почне да дели пакети, објавува порталот вечер.мк.

Тоа значи дека пакетите што ги делеше портпаролот на СДСМ на 4 и 5 април биле апсолутен поткуп на гласачи, а не хуманитарна акција на невладината зад која семејството Заеви се обидува да се скрие, пишува порталот.

На фотографијата објавена како доказ за невладината организација има само седиште, улица и број и град Струмица , но не и телефон за контакт со надлежните во истата.

Реклама

– Продуктите кои се делат немаат потекло, односно нема сметка кој ги купил и кој всушност донира. Овој вид на поткуп во Струмица и низ цела источна и централна Македонија Заев и СДСМ го вршат повеќе од десет години наназад, тоа секој го знае и постојано се гледа. Тоа што божем формално фамилијата на Зоран Заев е донатор не е точно, не постојат сметки со кои може да се докаже дека донатор се Заеви, а не партијата СДСМ и рекетирани фирми, пишува вечер.мк.

После случката во Струмица пред неколку дена останаа неодговорени прашањата кој ги дели? Во легални и поштени прилики тоа го прави Црвениот крст или друга легална институција, така се обезбедува помош да добие оној на кој таа му треба, а не селективно, за партиски членови и поткупени гласачи.

Обвинителството уште молчи, освен информацијата дека барале информации за потекло на стоката, нема ни збор за тоа дали се води истрага и што дознале.

Според порталот, ова треба да биде предмет на интерес на западните амбасади и ОБСЕ кои ги мониторираат изборните процеси во државата. Особено заради историјата на скандали кои ја тресат оваа влада, меѓу кои најголемиот „Рекет“, односно криминалните дејанија на, повторно невладина организација – Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Борис Грујоски