Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Вељановски: Техничката влада и СЈО конечно треба да заминат во историјата, затоа што беа наметнати ад-хок решенија

Техничката влада и СЈО конечно треба да заминат во историјата, затоа што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Техничката влада и СЈО конечно треба да заминат во историјата, затоа што беа наметнати ад-хок решенија, кои наместо стабилен и правен систем, донесоа само дисфункционалност, смета поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски.

„Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата. Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфункционалност. Така беше со идејата за техничката влада, така беше и со Специјалното јавно обвинителство“, вели Вељановски во својот статус на социјалните мрежи.

Според него, овие два механизма не биле воведени за да донесат повеќе правда или демократија, туку биле измислени и наметнати со една единствена политичка цел – да се инсталира СДСМ на власт и да се реализира идејата за промена на уставното име.

Реклама

„Граѓаните не треба повеќе да бидат предмет на манипулација за наводните ‘благодети’ на овие ад-хок решенија“, заклучува Вељановски.