Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Прилози

Веќе следната недела се очекува Собранието да го распише огласот за избор на нов јавен обвинител

Собранието можно е уште во понеделник да распише оглас за избор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието можно е уште во понеделник да распише оглас за избор на нов државен обвинител. Се чекаше да поминат празниците. Пред Нова година во Парламентот беше усвоен Законот за Судскиот совет, а останатите закони од реформската агенда се во владина процедура, освен за Изборниот законик за кој до крајот на јануари ќе се формира работна група. 

Очекувања на дел од правните експерти од новиот државен обвинител се големи бидејќи за првпат во Македонија, јавниот обвинител не беше експресно сменет со промената на власта, како што тоа се случуваше во минатото. Очекуваат државниот обвинител што ќе седне на столчето на Љупчо Коцевски, да биде професионалец со интегритет кој ќе постапува согласно Законот за кривична постапка и на него нема да има никакви бои.

Ова е само првиот чекор од длабоките реформи кои ќе следуваат во правосудството. Пакетот закони од реформската агенда и новиот државен обвинител треба да донесат коренити промени во системот и да ја вратат довербата на граѓаните во судството. Новите закони според експертите значат посветеност на Владата во секторот Владеење на правото.

Реклама

Законите добија зелено светло од Венецијанската комисија: Претседателот на Транспаренси интернешнл очекува овие закони да го зајакнат судскиот систем и да помогнат во борбата против корупцијата.

Изминативе години, голем број скандали го тресеа судскиот систем, а поранешниот државен обвинител Коцевски е првиот функционер од судството на кого му беше изгласена недоверба во Собранието. Законите за судска и обвинителска служба, за Академијата на судии и јавни обвинители, за Судски совет и за Јавно обвинителство треба да ги стегнат критериумите за именување нови функционери во судството и да направат поефикасни административци во службата.