Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Василичарите од Боемска со хуманитарно дружење во Дебар Маало на празникот Василица

Здружението „Василичарите од Боемска“ денеска попладне во скопско Дебар Маало со хуманитарен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението „Василичарите од Боемска“ денеска попладне во скопско Дебар Маало со хуманитарен настан ќе го одбележат празникот Василица.

-Оваа традиција ја започнавме во 2023 година, со цел не само да го одбележиме празникот, туку и да ја негуваме хуманоста, солидарноста и заедништвото меѓу граѓаните. Ги покануваме сите да ни се придружат на дружење во празнична атмосфера и заедно да бидеме хумани. Сите средства собрани од продажбата на македонски традиционални јадења, греана ракија, греано вино и други производи, како и средствата од доброволните донации на граѓаните, ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства, наведуваат организаторите.

Настанот ќе почне во 16:00 часот, на Боемска улица во Дебар Маало, а организаторите ги повикуваат сограѓаните да се приклучат на оваа хумана традиција.

Реклама

-Да помогнеме заедно на оние на кои им е најпотребно. Во духот на празниците, да си подадеме рака, да бидеме солидарни и хумани, апелираат Василичарите од Боемска.