Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Василевска: Пристапот кон европското семејство ќе се прави само врз основа на транспарентна и неоспорна одлука на граѓаните на Македонија

Има една работа која што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не може да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има една работа која што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не може да ја разбере, и заради тоа ги изгуби изборите и заради тоа многу тешко ќе се крене повторно назад, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

Василевска објасни дека СДСМ во 2022 година прифатиле протоколи кои влегле во суштината на она што е државотворен национален македонски концепт и истите оставиле огромни последици.

-Во 2022 година се прифатија протоколи кои длабоко влегоа во суштината на она што е државотворен национален македонски концепт и тој има далекосежни последици доколку одиме тако бегло. Тие уставни измени, за оние малку што познаваат политички систем значат и концепциски различен начин на уредување на македонската држава. Тоа значи дека ќе имате еден ентитет којшто ќе добие еднакви права со сите останати, иако и во оној дел на останати во Преамбулата се почитувани и заштитени човековите права и другите права и на оние коишто не се нели наведени како дел од државотворни заедници. Во овој контекст овде се рушат и асномските темели, што не смееме да го дозволиме и не треба да го дозволиме. Се менува концептот на мешање на соседна држава во внатрешната политика, во внатрешниот културен, историски развој на една самостојна, суверена и демократска држава. Се менува генерално целата слика за тоа како е уредена Македонија, и кој е патот којшто треба да биде еднаков за сите што сакаат да пристапат кон европското семејство, децидна е Василевска.

Реклама

Во однос на евроинтеграцискиот процес, Василевска испрати јасна порака дека се што е можно и реално да се направи за да се придвижи процесот, ќе се прави, но само врз основа на транспарентна и неоспорна согласност од македонските граѓани.

-Тоа се комплексни прашања за коишто треба да добиеме согласност од македонските граѓани. Без внатрешен консензус, без одлука која што граѓаните ќе ја дадат, да го направиме тој чекор токму тука го гледам главниот камен на сопнување, заради којшто падна минатата влада. Во однос на целата дипломатска машинерија, се што е можно и реално што може да се направи за да се придвижи ова, се прави и ќе се прави, но само врз основа на транспарентна и неоспорна согласност од македонските граѓани, заклучува Василевска.