Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Вардариште оди во историјата – на местото на депонијата ќе има мега парк

300.000 квадратни метри зеленило наместо планини од ѓубре. Од депонија Вардариште ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

300.000 квадратни метри зеленило наместо планини од ѓубре. Од депонија Вардариште ќе прерасне во еден од најголемите паркови во Скопје, со огромни зелени површини, терени за спорт и рекреација, патеки, клупи, хортикултурно уредување. Со децении натрупаниот отпад, кој несовесни граѓани постојано го палеа и го загадуваа воздухот во тој дел од градот, станува минато. Како што најави во кампањата градоначлникот Ѓорѓиевски веќе почна да ја чисти една од најголемите диви депонии во Скопје.

„Наместо депонија, според најавите на надлежните, токму овде треба да се изгради голем парк. Простор кој во иднина треба да стане место за прошетка, спорт и рекреација за скопјани.“

Првиот чекор е одгасувањето на депонијата. Од 22 однапред одредени точки, односно бунари, почна да се буши во земјата со цел да се соберат примероци од штетните отпадни гасови кој се наоѓаат во почвата. Потоа ќе се анализираат во специјализирани лаборатории со цел прецизно да се утврди нивното количество и состав.

Реклама

„Ова е една од вкупно 22те мапирани точки, односно бунари од кои ќе се извлекуваат гасовите што со години се создавале под депонијата. Примероци од нив ќе се испитуваат, со што практично е започнат првиот чекор кон расчистување на теренот.“

Истовремено, депонијата темелно се чисти и од отпадот на површината. Граѓаните велат дека конечно се прави чекор напред. Задоволни се од овој проект бидејќи најважно – ќе биде придобивка за нивното здравје.

„Ако го направи паркот би било супер. Секој ден се труеме овде, ќе дишеме чист воздух.“- велат граѓаните.

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ветува дека овој парк ќе прерасне во место каде што граѓаните ќе уживаат, ќе создаваат нови спомени а младите ќе можат да спортуваат. По изградбата на паркот тој најави и нов мост кој ќе ги спои општините Гази Баба и Аеродром, а со тоа и намалување на метежот во оваа околина.