Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

„Вардарис“: Над 324 кг марихуана сокриена во бали со хартија, македонски државјанин во притвор

Откриените над 323 килограми марихуана сокриени во бали со рециклирана хартија требало…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откриените над 323 килограми марихуана сокриени во бали со рециклирана хартија требало да стигнат до Турција. Таков им бил планот на сега осомничените во Македонија, Грција и Косово за шверц на дрога. Македонскиот државјанин, кој оди 30 дена зад решетки, заедно со другите од мрежата, преку однапред планиран транспортен канал, планирале марихуаната да стигне до турскиот пазар, но акцијата „Вардарис“ ги улови во Солун.

Приказната започнува во февруари, кога осомничениот набавил товарно возило, а на почетокот на март и приколка, за наводно да пренесува рециклирана хартија.

Но, откако ги завршил царинските формалности и на 8 март ја напуштил Македонија, наместо кон Турција, осомничениот се упатил кон Грција.

Реклама
  • „Наместо да продолжи кон Република Турција, се упатил кон Република Грција, каде возилото со приколката го оставил на изнајмен затворен плац во Солун.“

Токму таму, според истрагата, се сретнал со двајца осомничени против кои постапката ја водат грчките власти. Со едниот од нив, кој е недостапен за органите на прогонот, го договорил понатамошниот транспорт на дрогата.

  • „По набавката на наркотичната дрога, двајца од осомничените, заедно со засега непознати лица, во периодот од 11 до 14 август 2026 година ја сместиле марихуаната во претходно направени отвори во балите со рециклирана хартија.“

На паркингот била пронајдена приколката, но без регистарски ознаки. Во четири палети во задниот дел од приколката и во уште четири палети поставени пред неа биле откриени вкупно 324 килограми и 474 грама.

По поднесена кривична пријава од МВР, Обвинителството отвори истрага. Обвинителот проценил дека постои опасност од бегство, влијание врз соучесници и сведоци, како и можност за повторување на делото. Поради тоа судијата на претходна постапка го прифатил предлогот и му определил 30-дневен притвор.