Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Македонија

Утврдување на предлог-одлуките за избор на нови состави на ДИК и КСЗД

– Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе одржи седница,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе одржи седница, на чиј дневен ред се предлог-одлуките за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија и избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. 

За избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија пријавени се 16 кандидати, од кои шест се од актуелниот состав – дипломираниот правник со положен правосуден испит од Скопје, Борис Кондарко, дипломираниот економист и магистер по економски науки финансии од с. Непроштено – Теарце, Абдуш Демири, дипломираниот правник од Скопје, Александар Даштевски, дипломираниот правник од Гостивар, Дитмире Шеху, дипломираниот економист и магистер по економија, финасии, сметководство и ревизија од Тетово, Светлана Карапетрова, и дипломираниот правник и магистер по административно право и јавна администрација од Делчево, Ангелчо Ристов.

Други пријавени кандидати за новиот состав се и Бојан Маричиќ, дипломиран правник и магистер по меѓународно и европско право и современи европски студии од Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ, дипломиран правник и магистер по правни науки од Скопје, Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит, од с. Чајле – Гостивар, Марија Митановска-Димовска, дипломиран правник од Скопје, Даниела Маркоска, дипломиран правник од Скопје, Елита Шуки, дипломиран правник со положен правосуден и нотарски испит од Скопје, Добре Јанчев, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Бети Ѓорѓиеска, дипломиран инженер по електротехника од Скопје, Ивана Костадиноска, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Благоја Гешоски, дипломиран дефектолог, доктор на дефектолошки науки од Прилеп.

Реклама

Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, потпретседател и пет други члена). Кандидатите за членови на ДИК треба да бидат државјани на Македонија со постојано место на живеење во земјата, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.

За членови на КСЗД се пријавени вкупно 14 кандидати – актуелниот член Лимко Бејзароски, Кире Василев, Усеин Елезоски, Мери Ивановска, Наташа Амдију, Жаклина Дамческа, Шемси Салаи, Миле Стојановски, Горан Нешевски, Несиме Јашари Љума, Ирфан Лимани, Даниела Стојановска Џинговска, Џихан Ахмед и Елита Шуки.

Комисијата е составена од седум члена, кои ги избира и ги разрешува Собранието. Членовите на Комисијата се избираат со мандат од пет години, со право на уште еден последователен избор. При изборот треба да се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество. 

За член на Комисијата може да биде избрано лице кое е државјанин на Македонија, да има VII/1 степен на образование и минимум седум години работно искуство од областа на човековите права, од кои пет во областа на еднаквост и недискриминација и да не е носител на функција во политичка партија.