Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Утре во Пустец официјално ќе биде означен почетокот на туристичката сезона

Во организација на општината, со низа активности, утре, на главниот плоштад „Гоце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на општината, со низа активности, утре, на главниот плоштад „Гоце Делчев“ во Пустец ќе биде означен почетокот на туристичката сезона.

Градоначалникот Пали Колефски преку видеопорака упати јавна покана за присуство на свеченото отворање, во 11 часот, што ќе се одржи, како што наведува во прекрасна атмосфера.

– Преспа, прекрасно место, преполно со природни убавини, културно историски споменици, уникатна историја, Преспанското Езеро, како посебно богатство, топол и срдечен дочек на жителите, ќе направи да се чувствувате како дома. Преспа не е обична дестинација, дојдете и откријте ја сами магијата на ова место. Дојдете да го прославиме заедно почетокот на една нова сезона полна со можности и природни убавини. Добредојдени сте сите, порачува Колефски.

Реклама

Традиционално, преку фотоалбуми ќе бидат презентирани природните убавини, културните богатства, традиции и обичаи а македонските традиционални јадења ќе може да се вкусат.

– Повеќе ресторани и производители на храна ќе имаат штандови со свои производи и услуги. Ќе има и богата културно-уметничка програма од локалните културно-уметнички друштва и групи. Очекуваме да присуствуваат гости од повеќе градови од Албанија и од Македонија, нагласи Колефски.

Од македонската амбасада во Тирана, на настанот ќе присуствуваат Љуфтим Спахиу, вршител на должноста амбасадор и Радмила Стоимировска, прв секретар во амбасадата.