Реклама
Македонија

Усвоен извештајот за работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2024 година

Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го усвои извештајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го усвои извештајот за работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2024 година.

Пред членовите на комисијата говореше Елена Велјановска, заменик директорка на Агенцијата за заштита на личните податоци, која истакна дека извештајот ги содржи постигнувањата и предизвиците со кои се соочува Агенцијата.

-Во 2024 година Агенцијата за заштита на личните податоци презеде значајни чекори за унапредување на системот за заштита на личните податоци, со цел поголема ефикасност, транспарентност и заштита на приватноста на граѓаните. Во делот на супервизијата, Агенцијата спроведе 338 супервизии од страна на четири супервизори за цела територија на Македонија, од нив 18 се редовни супервизии, 304 вонредни супервизии и 16 контролни супервизии. Од спроведените супервизии 23 се спроведени кај контролори од јавниот сектор, 305 супервизии кај контроли од приватниот сектор и 10 супервизии кај фицички лица, информира Велјановска.

Реклама

Замени директорката на Агенцијата за заштита на личните податоци истакна дека Агенцијата врши едукација на својот кадар и соработува со меѓународни институции.

-Нашите предизвици се поврзани со недостиг на стручен кадар, особено експерти од информатичките науки, потреба од дополнителни финансиски средства за мотивирање и усовршување на кадарот. Агенцијата ќе продложи да ја зајакнува својата независност, да го унапредува капацитетот за заштита на личните податоци и да создава сигурна дигитална средина за граѓаните, нагласи Велјановска.

Извештајот за работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2024 година, собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го усвои без забелешки и го проследи за понатамошна постапка во Собранието, а за известител, комисијата ја определи пратеничката Ели Панова.