Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Уставниот суд воведува дигитализација со нова опрема

Уставниот суд на Македонија официјално го започна процесот на целосна дигитализација, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд на Македонија официјално го започна процесот на целосна дигитализација, со што влегува во нова фаза на технолошко унапредување насочено кон поголема ефикасност, транспарентност и отвореност кон јавноста. Овој напреден дигитален систем ќе овозможи поголема пристапност до работата на Уставниот суд и ќе го подобри процесот на донесување одлуки.

Проектот за дигитализација во Уставниот суд беше промовиран денеска, во рамки на билатералната средба со делегацијата на Уставниот суд на Република Турција, предводена од претседателот Кадир Озкаја.

На свеченото отворање на новата сала за седници, претседателот Дарко Костадиновски и членовите на Уставниот суд ја претставија современата технолошка опрема обезбедена со донација од Турската агенција за соработка и координација – ТИКА. Техничкото решение и целосната имплементација на инфраструктурата е на Македонски Телеком. 

Реклама

Новите технолошки решенија, како што посочи претседателот на Уставниот суд Костадиновски, ќе овозможат модерни и безбедни услови за работа, односно одржување хибридни состаноци со интегрирана аудио и видео конференциска опрема, симултан превод за сите учесници, без разлика дали се физички присутни или вклучени од далечина, безбедна cloud платформа со повеќекратна автентикација и широк спектар на алатки за онлајн соработка, комуникација и споделување на содржини, снимање и автоматско транскрибирање на седници и комуникации, електронско гласање со целосна архива и аналитика, можност за видео пренос во живо на различни социјални мрежи и сервери.

Една од темите на денешната средба, како што рече Костадиновски, биле консултациите и изградувањето заеднички став во врска со регионални прашања, како што е претстојниот Форумот на уставните судови од Балканот кој ќе се одржи во ноември годинава во Анталија.

Во оваа прилика биле споделени и праксата и искуствата на двата уставни судови на темите уставно-судска контрола преку механизмот на уставна жалба. 

Претседателот турскиот Уставен суд Озкаја, меѓу другото посочи дека двата уставни суда имаат континуирана соработка, што ќе придонесе за зајакнување на владеење на правото и зачувување и негување на основните човекови права на балканскиот регион.

Делегацијата предвидено е да има работен ручек со претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, како и посета на Меморијалниот центар „Коџаџик“, спомен-куќата на Али Риза, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, Старата скопска чаршија, Шарената џамија во Тетово, џамијата Али Паша во Охрид и античкиот град Хераклеа Линкестис во Битола.

Уставниот суд и турската Агенција бележат долгогодишна соработка изразена преку поддршка во техничка опрема за судот, како што е донацијата на компјутери и печатачи во февруари минатата година.

На денешната промоцијата присуствуваа потпретседател на ТИКА Махмуд Чевик и координаторот на канцеларијата на ТИКА во Скопје, Шенса Бабајигит.