Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Уставниот суд поведе постапка за забраната на извршување врз предмети и права на државни органи

Уставниот суд на Македонија поведе постапка за оценување на уставноста на член…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд на Македонија поведе постапка за оценување на уставноста на член 218 од Законот за извршување, поради сомнеж дека одредбата е нејасна, непрецизна и создава правна непредвидливост во спроведувањето на извршните постапки. Судот оцени дека постои основано прашање дали со оспорените законски решенија се ограничува можноста за ефективно остварување на паричните побарувања кон државните органи, општините и јавните претпријатија, што може да доведе до повреда на уставно загарантираните права.

Оспорениот член предвидува дека врз предмети и права на државата, општините и јавните претпријатија не може да се спроведе извршување, доколку тие се неопходни за вршење на нивната дејност. Дополнително, претседателот на надлежниот суд може да утврди кои предмети се неопходни доколку странките не се согласат.

– Член 218 – (1) Врз предмети и права на Македонија и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија не може да се спроведе извршување за наплата на парични побарувања, доколку тие се неопходни за вршење на нивната дејност, односно задачи. (2) Кои предмети и права се неопходни за вршење на дејноста и задачите на должникот ќе определи претседателот на судот на чие подрачје се спроведува извршното дејство, ако во текот на спроведувањето на извршувањето, странките за тоа прашање не се согласат или инаку се укаже тоа како потреба, гласи членот.

Реклама

Судот смета дека одредбата е нејасна и непрецизна, бидејќи не утврдува кои предмети и права се сметаат за неопходни.

-Уставниот суд во оваа фаза од постапката изрази сомнеж дека одредбата е нејасна и непрецизна. Имено, Судот смета дека со ова законско решение Законодавецот воведува генерална и нејасна забрана за извршување на предмети и права, без притоа да се воспостават правни стандарди и да се прецизира кои се предметите и правата кои се неопходни за вршење на нивната дејност, односно задачи, стои во соопштението од Уставен.

Според судиите, ваквата формулација може да ја направи извршната постапка практично невозможна, со што правосилните пресуди остануваат само на хартија.

Од Уставен велат дека е проблематичен и вториот став од членот 218, кој му дава дискреционо право на претседателот на судот да одлучува што е неопходно за работа на должникот. Уставниот суд оцени дека овој став не може да опстои самостојно ако првиот дел од членот падне.

-Судот смета дека став 2 кој се надоврзува на став 1 сам по себе не може да опстои во правниот поредок без став 1. Покрај тоа, основано се постави прашањето за неговата содржина, според која  претседателот на Судот на чие подрачје се спроведува извршувањето, да има дискреционо право да одлучи кои предмети и права се неопходни за вршење на дејноста, дополнуваат оттаму.

Судот изразува сомнеж дека одредбата создава правна непредвидливост и непосредно ја повредува правната сигурност на субјектот, што е во спротивност со уставното начело на владеење на правото уредено со членот 8 од Уставот. Воедно, како што велат оттаму, пред Судот основано се поставило и прашањето дека со ограничување на можноста за ефективно остварување на паричните побарувања, се задира и во уставно загарантираното право на сопственост, уредено со член 30 од Уставот. 

Иницијативата за поведување постапка е поднесена од Николче Митевски, кој го оспорува првиот став. Но, врз основа на расправата, Судот одлучил по службена должност да отвори постапка и за вториот став.

Во иницијативата бил посочен и пример на работник во комунално претпријатие кој добил правосилна пресуда за неисплатени пензиски придонеси, но не можел да наплати поради ограничувањата од членот 218.

Уставниот суд најави дека при носењето на конечната одлука ќе ги земе предвид последиците што евентуалното укинување би ги имало врз државните институции и јавните претпријатија кои се предмет на извршни постапки.

-При носењето на оваа одредба  Уставниот суд ќе го земе предвид правното дејство на одлуките, од евентуалното укинување или поништување и што тоа би значело за државните органи, јавните претпријатија и општините кои се соочуваат со извршувања и согласно тоа ќе цени каква ќе биде одлуката, велат од Уставен суд.

Постапката била поведена на првата седница на Уставен суд одржана на 21 јануари 2026.