Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи со кои се оспоруваше системот „Безбеден град“

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи на денешната 7. седница со кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи на денешната 7. седница со кои се оспоруваше уставноста на законските измени од Законот за прекршоци за системот „Безбеден град“.

Уставните судии одлучија дека измените во Законот за прекршоци не се во спротивност со Уставот и ги отфрлија иницијативите поднесени од двете крила на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и од Арбен Таравари и од студентот Или Пачуку со кои се бараше Уставниот суд да ги поништи „спорните“ одредби.

Иницијативите се однесуваа на одредбите од Законот за прекршоци во делот на „достава”, „издавање на записник за сторен сообраќаен прекршок со сообраќаен патен налог” и прифаќање или неприфаќање на одговорност за сторен прекршок, како и тоа што овој систем се применува само на територијата на градовите Скопје, Куманово и Тетово, а не на целата држава и поради тоа тврди дека има селективна територијална примена и спорен начин на кој се применува. 

Реклама

Според судијката известител, Ана Павловска-Данева кога станува збор за (не)употребата на албанскиот јазик во пораките и известувањата што ги добиваат граѓаните за сторени прекршоци, нема потреба за секое процесно дејствие поединечно да пишува дека треба да се применува Законот за јазиците. Таа вели дека во Законот за прекршоци нема одредба што ја оспорува употребата на јазиците. И поседувањето мобилен телефон не се коси со која било одредба од Уставот. За тоа дека со Законот може да се злоупотребат личните податоци, таа наведе дека постои Закон за заштита на лични податоци и дека и МВР и Агенцијата за заштита на личните податоци ги дале сите согласности за заштита на приватноста на граѓаните.

Пред Уставните судии во работа останува уште еден предмет во кој има одредби од Кривичниот законик во врска со „Безбеден град“, кои меѓу другото опфаќаат и одземање на возила, како членовите 297 и 300 б. 

Уставниот суд на денешната седница, исто така, донесе одлука да се запре постапкат за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на судиите од 2024 година, поведена во декември минатата година, бидејќи тие измени не се веќе во правен поредок, а по сопствена иницијатива се поведе за новите измени од февруари годинава.