Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Уставен се подготвува за седница за Законот за јазиците, ДУИ се заканува

Шест спорни правни прашања кои се однесуваат на содржината на Законот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шест спорни правни прашања кои се однесуваат на содржината на Законот за јациците ќе бидат во фокусот на подготвителната седница на Уставниот суд идниот четврток.

Мартин Кујер, потпретседател на Венецијанската комисија и холандски врховен судија, кој ќе го образложи нивниот став откако тоа го побара нашиот Суд.

Артурс Кучс, судија на Европскиот суд за човекови права  ќе ја образложи праксата на судот во слични случаи и ќе ги презентира европските стандарди за употребата на јазиците.

Реклама

Ќе има и домашни експерти и професори по уставно право кои ќе одговараат на прашањата од уставните судии.

Претседателот Дарко Костадиновски очекува на седницата да присуствуваат сите 9 уставни судии.

  • Местото на судиите е во судиската сала“ – посочи претседателот.

Претходно кога на дневен ред беше ставен оспорениот закон, двајцата од албанска етничка заедница,Осман Кадриу и Насер Ајдари не присустваа, а Фатмир Скендер кој е од турската етничка заедница реши да ја напушти салата.

Откако ќе заврши седницата, судијата-известител кој го работи предметот, треба да изготви нов реферат, по што ќе следува одлука на уставните судии за Законот и Указот за јазиците. Тоа според очекувањата на претседателот би требало да се случи мај/јуни годинава.

Во меѓувреме, продолжуваат заканите од Мала Речица поради одлуката која треба да ја донесе Уставен за јазиците, кој беше донесен пред 4 години.

  • „ ..Четири години подоцна, антиохридските духови повторно се разбудија за да удрат онаму каде што синџирот е најкршлив, каде што можат да предизвикаат најголема поделба..Ги повикуваме сите државни институции и меѓународни фактори да не дозволат земјата да се лизне по патот на ревизионизмот, кој може да доведе до длабока политичка и институционална криза со непредвидливи последици. ДУИ ќе го брани Законот за употреба на јазиците со сите демократски средства и нема да дозволи никакво назадување“, се вели во соопштението на интегративците.

Ваквите ставови  за претседателот на Уставен се опасни лаги и манипулации.  Уставниот суд испратиле известување до Министерството за внатрешни работи кои гости ќе присуствуваат на 20-ти март, и доколку интегративците се решат за инциденти полицијата да испрати поголемо обезбедување.

  • „Од каде знаат каква ќе биде одлуката на судот? Кој може да ја предвиди одлуката на Судот? Уште од сега знаат каква е одлуката на Судот. Што ако судот рече дека нема никаков проблем (со Законот), ќе се извинат ли тогаш за ваквите тешки лаги. Не можам да разберам. Дали е нормално цело општество да се чува во заложништво заради политички амбиции на некого, било кој и да е“, рече Костадиновски.

Интерпелациите пак кои ги најави ДУИ за уставните судии, според претседателот на Уставен, би претставувале упад во независноста на судот кој треба да ги контролира трите власти. Меѓу другото, на брифингот, Костадинов рече дека разговарал со спикерот Гаши за рокот кој го има Собранието да спроведе измените во Законот за комуникации и Кривичниот законик, за што добил уверување дека ќе се постапува.