Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Успешно спроведена обука за имплементација на CAF – европскиот модел за управување со квалитет

Министерството за јавна администрација успешно ја спроведе обуката за имплементација на CAF…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за јавна администрација успешно ја спроведе обуката за имплементација на CAF – Заедничката рамка за проценка, потврдувајќи ја својата посветеност да биде институција која предводи преку дела, а не само преку декларации.

Обуката, во која учествуваа членовите на Работната група за CAF и експерти од Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA), претставува конкретен чекор во насока на воспоставување на системски пристап за управување со квалитетот во институциите.

„Министерството не го очекува подобрувањето – го создава. Ова не беше само обука, туку стартна позиција за суштинска реформа која го редефинира начинот на кој институциите функционираат одвнатре“ – изјави министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

Реклама

Тој потенцираше дека имплементацијата на CAF е дел од пошироката стратегија за модернизација на јавниот сектор, каде што квалитетот, ефикасноста и отчетноста се поставуваат како недвосмислени приоритети.

„Ние не ги воведуваме стандардите затоа што тоа го бара ЕУ – туку затоа што тоа го заслужуваат нашите граѓани. CAF е алатка за институции кои сакаат да бидат подобри секој ден – преку анализа, учење и вистинска промена,“ – додаде Минчев.

Министерството за јавна администрација е првата институција во земјата што ја започнува примената на CAF како модел за континуирано подобрување, поставувајќи пример за другите институции кои ќе следат по истиот пат.

Посебна благодарност беше упатена до директорката на ReSPA, Маја Ханџиска Трендафилова, за континуираната експертска поддршка и зајакнатата регионална соработка во процесот на реформирање на јавниот сектор.

Со ова, Министерството уште еднаш покажува дека реформите не се спроведуваат само на хартија, туку преку системска работа, конкретни активности и лидерство базирано на визија и одговорност.