Православните верници низ цела Македонија ги наполнија храмовите и се собраа да го одбележат еден од најголемите хирстијански празници Успението на Пресвета Богородица. Со црковни литургии го започнаа утрото, палеа свеќи за здравје и бериќет, но и за мир и напредок на сите луѓе. За граѓаните одбележувањето на еден од најважните празници во христијанството е традиција што се одржува со повеќе свечености и со народни собири и панаѓури пред црквите.
“Овој празник е многу голем празник за нашиот народ, си го почитуваме, го празнуваме, палиме свеќа, нели секогаш викаме “Богородичка- мајчичка” и се поклонуваме пред неа. Таа е мајка божја, сите нас не чува.”- изјавија граѓаните.
Денес со посебно внимание се празнува денот кога мајката на Исус Христос се вознесе на небото и „го предаде својот дух во рацете на Спасителот“. Според верата, Мајката Христова, Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови. Поради големото значење на Пресвета Богородица за црковнота историја, православните христијани се воздржуваат од мрсна храна две недели пред празникот. Како што налага традицијата, граѓаните фамилијарно се собираат на ручек и се веселат.

“Празнуваме дома со фамилијата, децата, внуците, одиме кај соседите на кафе, шетаме, доаѓаме во црква да запалиме свеќа, пуштаме телевизија, радио, музика и чекаме гости…”- изјавија граѓаните.
Државниот врв испрати честитки по повод верскиот празник. Претседателката Сиљановска Давкова, премиерот Мицкоски им посака на граѓаните мир, хармонија, среќа и спокој.
