Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

Успех за Македонија, дебакл за Бугарија во ЕП, Извешајот за земјава помина во АФЕТ

Успех за Македонија, дебакл за Бугарија. Источниот сосед кој од петни жили…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Успех за Македонија, дебакл за Бугарија. Источниот сосед кој од петни жили за бореше да го оспори македонскиот јазик и идентитет во извештајот за земјава во Европскиот Парламент остана на цедило. Во Комитетот за надворешни работи се покажа недвосмислената поддршка за македонските евроинтеграции. Не успеаа обидите на официјална Софија, во извештајот да стои „современ идентитет или модерен јазик“ – а дипломатските напори на Скопје и подготвеноста да продолжи со процесот го покажаа резултатот.

Македонскиот идентитет и јазик добија широка поддршка, односно „за“ гласаа 40-мина, 19 „против“ и 10 гласаа воздржано. следно, извештајот оди на седница на европскиот парламент, предвидена за јули. по усвојувањето на документот, вајц изрази задоволство бидејќи е изгласан со широко политичко мнозинство.

„Горд сум на целата напорна работа што беше вложена во наоѓањето компромиси за да го донесеме овој добро избалансиран извештај. ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во предизвикувачкиот геополитички пејзаж. Македонија припаѓа во ЕУ“ изјави Вајц по усвојувањето, нагласувајќи дека мора да се искористи моментумот за забрзување на процесот на проширување.

Реклама

Пред гласањето, претседателот на Комитетот ги осуди нападите кон известителот Томас Вајц кои дојдоа од бугарски европратеници, кои реагираа на референците со кои се потврдуваат македонските идентитет и јазик.

„Сакам јасно да укажам дека осудувам секакви лични напади врз известителот во изминатите недели со обвинувања за пристрасност и лоши дејствија поради контакти со функционери од земјата-кандидатка. Ова е погрешно, оти потребно е известителот да ги чуе позициите на државните функционери на кандидатката што ја оценува, за да ги има сите страни при подготовка на извештајот“, изјави Дејвид Мекалистер, претседател на Комитетот за надворешни работи.

Пред гласањето за извештајот, покрај, амандманите од бугарските европратеници Валчев и Ковачев, нов амандман предложи германскиот европратеник Михаил Галер од ЦДУ, односно од Европската народна партија.

„Би сакал да предложам амандман во извештајот едноставно да се стави „модерен“ на четири места пред македонски јазик и идентитет“, рече Галeр.

Сепак, не помина ниту еден од овие штетни амандмани. Реагираше и европарламентарецот Андреј Ковачев од партијата на Бојко Борисов, според која „антиевропските националисти од групата Патриоти за Европа ги блокирале промените во извештајот.

Предлогот на четирите главни парламентарни групи за разјаснување на текстот во врска со македонскиот јазик и идентитет беше блокиран од антиевропските националисти од групата Патриоти за Европа и особено од партијата на Виктор Орбан, изјави Ковачев.

Инаку, во самиот документ се нагласува важноста од задржување на кредибилитетот на проширувањето, се поздравува усогласеноста на Македонија со европските политики, и се повикува на брзо продолжување на преговорите за членство

Следниот чекор е гласањето на пленарната седница на Европскиот парламент, што ќе се одржи од 7 до 10 јули во Стразбур.