Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Уште еден случај на затруено дете е евидентиран во Куманово. Вчера во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште еден случај на затруено дете е евидентиран во Куманово. Вчера во 14:28 часот во СВР Куманово лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено со лекови. Од кумановската полиција информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето вчера било примено на Одделението за педијатрија, каде му била укажана медицинска помош, по што денеска било пуштено на домашно лекување.

Ова е втор случај на труење на двегодишно дете во Куманово за две недели. Неодамна, двегодишно дете беше затруено откако испило средство за разредување боја.

Реклама

Лани, во кумановскиот регион беа евидентирани неколку случаи на труење кај деца, во дел од кои тие проголтале средства за чистење и дезинфекција, а во неколку  и лекови.