Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Уреднички коментар на Алфа: На Фуркан Салиу му посакуваме да најде мир и самопочит

Обидите за дискредитација и личните навреди не може да поминат и без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обидите за дискредитација и личните навреди не може да поминат и без став на ТВ Алфа. Во продолжние уреднички коментар за ставовите на колегата Фуркан Салиу.

Кога новинар одлучува да напише статус полн со лични дисквалификации, навреди и сарказам, наместо со аргументи, тоа зборува многу повеќе за него, отколку за оние кон кои е насочен.

Фуркан Салиу избра да се пресметува со Алфа и со нашите новинари, со јазик кој не му прилега ниту на човек, а уште помалку на новинар. Очигледно е дека личната фрустрација, незадоволството од сопствениот неуспех и потребата за внимание го водат повеќе од каква било професионална етика. Што се однесува на неговите навреди кон Алфа телевизија, нема што да му објаснуваме на Фуркан, освен да му укажеме на фактот дека зборува за третата по гледаност телевизија во Македонија, што самото по себе говори за довербата што ја имаат гледачите во нас.

Реклама

Затоа на Фуркан му посакуваме да најде мир, самопочит и простор каде ќе се чувствува исполнет.

Што се однесува до неговиот личен кредибилитет, јавноста нема да заборави за кого станува збор.

Пред само неколку месеци, истиот тој Салиу беше приведен откако во неговиот автомобил беше пронајден пиштол со полна рамка куршуми, нешто што самиот го призна. Иако има дозвола за поседување оружје, законот јасно забранува носење оружје во возило во таква состојба. За тоа беше поднесена и кривична пријава од МВР. Дополнително, беше обвинет за спречување службено лице во вршење на должност.

Секако, сите се повикуваме на закон, слобода на говор и човекови права, но тие важат подеднакво за сите. Посебно за новинари кои тврдат дека се борци за вистината. А вистината во овој случај е непријатна.