Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Управниот одбор на ЗЕЛС одржа седница во Општина Кавадарци

Денес во општина Кавадарци одржавме седница на Управниот одбор на ЗЕЛС. Најпрво,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес во општина Кавадарци одржавме седница на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Најпрво, сакам да му се заблагодарам на мојот колега Митко Јанчев што ги отвори вратите и беше домаќин на оваа, за нас значајна средба од повеќе аспекти.

На овој состанок, се начнаа повеќе теми од кои како најважна би ја издвоил иницијативата за законски измени за изречување енормни глоби за создавачите на диви депонии.

Реклама

Навистина е доста и неблагодарно да се уништува чистата животна средина и здравјето на нашите жители.

Инцијативата која ќе биде доставена до надлежните ќе значи ставање под контрола на загадувачите и нема да има апсолутно никаква толеранција за оние кои ги создаваат дивите депонии.

Ние нема да дозволиме нарушување на ликот на нашите општини.

И бидејќи нема да има толеранција кон никого, апелирам на свесно и одговорно однесување.

Благодарам на моите колеги за присуството и плодната дебата која сигурен сум, ќе влоди со плод бидејќи нашата намера за зачувување на нашите општини е сериозна – истакна претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

На седницата се дискутираше и по другите точки, сѐ до исцрпување на дневниот ред.