Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Уписите на првачињата почнуваат во мај

Во мај почнува уписот на првачиња, информира Снежана Санева раководител на Секторот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во мај почнува уписот на првачиња, информира Снежана Санева раководител на Секторот за образование ЛЕР и јавни дејности во општина Штип. Таа посочи дека родителите на децата родени во 2020 година треба навреме да ги запишат своите деца и овој пат нема да има никакви промени со реонизацијата, што значи дека секое дете ќе посетува училиште во својата населба. Сите основни училишта ќе објават огласи, а информациите ќе бидат јавно достапни. Надлежните апелираат документите да се подготват на време за да се избегнат гужви.

-На почетокот на месец мај се распишуваат огласите за упис на ученици во основното образование и сите училишта имаат обврска да распишат оглас, односно конкурс за упис на ученици во прво одделние и да ги објават конкурсите на своите веб страници, исто така и на вратите и огласните табли во училиштата. Очекуваме дека сите родители кои што имаат дечиња кои што се родени 2020 година, веќе ќе ги запишуваат своите деца во основно образование- рече Санева 

За уписот ќе бидат потребни неколку  документи, кои родителите треба навреме да ги подготват. Откако ќе се достави целосната документација, децата ќе бидат запишани во училиштето што припаѓа на реонот во кој живеат. 

Реклама

-Па вообичаено тоа со документи кои што потврдуваат родителство, односно матична книга на родените, лична карта на родител или старател, потврди за примени вакцини, за офталмолошки преглед. Така што од кога ќе ги донесат тие документи, ќе бидат соодветно примени во она училишта, каде што припаѓаат во реонот во кој што живеат- рече Санева.

Постапката за упис на правчињата ја спроведува училишна комисија, а при уписот задолжително е присуство и на родителот и на детето. Од училиштaта нагласуваат дека навремената подготовка на документите е клучна за непречен и организиран упис на сите идни првачиња.