Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Универзитетот Колумбија со научна студија за набавката на ткива од Македонија

Во Македонија имало голем број обдукции на годишно ниво и добро образовани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија имало голем број обдукции на годишно ниво и добро образовани лекари кои немаат искуство ниту ресурси за да истражуваат, додека Универзитетот Колумбија во Њујорк имал пари за истражување на мозок, но мал број на обдукции кај психијатриски пациенти. Ова е наведено во научна статија од 2013 година како причина зошто за овој проект е одлучено од Македонија да се извезуваат мозоци. Целите на проектот биле да се воспостави систем за собирање примероци за психијатриски истражувања и развој на истражувачка култура во Македонија.

Воспоставување на функционален систем за собирање обдукциски примероци и клинички информации на оптимален начин за психијатриски истражувања.

Развој на истражувачка култура во одредени оддели на Медицинскиот факултет во Македонија до ниво што се очекува од институции во Северна Америка или Западна Европа, Извадок научна статија од 2013.

Реклама

Целта од добиените резултати од истражувањето била амбициозна. Проучување на невропатологијата на шизофренијата преку систематско собирање мозочно ткиво и детални клинички податоци.

Според она што е објавено во научната статија еден од авторите  на проектот од Македонија дошол на Универзитетот Колумбија во Њујорк за да работи на истражувања од областа на невропатологијата. Таму соработувал со американски научник на кого му биле потребни психијатриски обдукциски примероци. Во Скопје, тој веќе бил во контакт со директорот на Институтот за судска медицина и со раководството на психијатриската болница, кои сметале дека Македонија треба поактивно да се вклучи во медицински истражувања.

До 2013 година, преку оваа соработка, во Македонија годишно се собирале меѓу 25 и 75 мозоци за истражувања, кои брзо се обработувале по смртта. Овој материјал бил користен во околу 40 научни проекти во Македонија, САД и Канада.

Како што стои во документот, во Македонија почнала да се гради нова истражувачка култура, биле отворени современи лаборатории, а младите лекари и научници почнале самостојно да објавуваат трудови во меѓународни списанија.

Проектот почнал во 1996 година. Во почетокот, македонските доктори биле само поддршка на странски истражувања, но со текот на времето за нив се напраени обуки во САД, за потоа да земат директно учество во научната работа. Македонските лекари и патолози започнале активно да учествуваат во дизајнот на истражувањата, обработката на податоците и научните публикации.

https://youtu.be/OhyUhx5Bu9E