Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

УНИЦЕФ: Младите ќе ја водат локалната акција и ќе влијаат на глобалните климатски одлуки

Младите организираат прва Локална младинска конференција –LCOY Македонија 2025 – која ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младите организираат прва Локална младинска конференција –LCOY Македонија 2025 – која ќе се одржи од денеска до 14 јуни во Скопје. На конференцијата млади од целата земја ќе дискутираат за локалните климатски и еколошки предизвици, ќе споделат свои идеи за националните приоритети за животната средина и ќе придонесат кон глобалниот младински став пред Конференцијата на ОН за климатски промени (КОП 30) во ноември 2025.

-Конференцијата ја организира младинската група Колектив Зет и е замислена како интензивен, практичен тридневен настан. Таа ќе опфати експертски презентации за климатските процеси и политики, интерактивни работилници за локални еколошки прашања и сесии со активно учество за развивање пристапи предводени од млади во носењето одлуки, информираат денеска од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Анкица Соколиќ, ко-основач на Колектив Зет која учествуваше на КОП29 истакнала дека На КОП29 била фасцинирана од тоа колку младите од другите региони, се подготвени, информирани и вклучени во климатските преговори од страна на своите држави.

Реклама

-Ова ме инспирираше да се запрашам – што недостасува кај нас? Како можеме да бидеме поактивни, како многу други млади низ светот? Така се роди идејата за организирање на првата Локална младинска конференција во Македонија, рекла таа.

Една од целите на Конференцијата е учесниците да се запознаат со обврските на земјата во рамките на процесот на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, за младите да можат да ги следат институциите во спроведувањето на преземените обврски и да ги повикуваат на одговорност. Тие ќе дискутираат како да се воспостави механизам за младинско учество во донесувањето одлуки поврзани со климата на државно ниво и како да се засили младинскиот глас во светските климатски преговори.

Клучен резултат од Конференцијата ќе биде подготовката на Национална младинска декларација, која ќе придонесе кон позициите што ќе се гласаат на Глобалната младинска конференција и конечно ќе бидат претставени од страна на младите на КОП30.

Глобалната младинска конференција се одржува секоја година непосредно пред Конференцијата на ОН за климатски промени и обединува млади од целиот свет со цел да оформат и претстават заеднички младински став на КОП преговорите. Во пресрет на оваа конференција, младите се охрабруваат да организираат локални младински конференции за да ги разгледаат националните и локалните еколошки прашања и да придонесат кон глобалната младинска декларација. Ова е особено важно за помали земји како Македонија, кои често немаат формално младинско претставување на КОП.

Локалната младинска конференција во Македонија 2025 е организирана од Колектив Зет, со поддршка од УНИЦЕФ и Europe House Скопје, во соработка со Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), Мрежата за климатска акција на Европа, Еко-свест, Македонското здружение на млади правници, Центарот за климатски промени, Националниот младински совет на Македонија и Македонското еколошко друштво.