Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Прилози

Украденото мора да се врати кај граѓаните: Добро е што Владата конечно покажува волја за конфискација на криминално стекнатиот имот

Конфискација на криминално стекнатиот имот е вистинскиот начин за справување со напливот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конфискација на криминално стекнатиот имот е вистинскиот начин за справување со напливот на корупција, која е повеќе децениски горлив проблем во Македонија. Според познавачите тоа е рак рана за која кај претходните власти немаше волја за решавање. Сепак, потенцираат дека токму одземањето на украденото е начин да се намалат криминалните дејствија, особено во делот на високата корупција.

Поранешниот претседател на Антикорупциска Воислав Зафировски, за Алфа вели дека власта покажува сериозни сигнали дека има желба и подготвуваат големи чекори кон ефектуирање на законите со цел украдените пари да се вратат кај граѓаните. 

-Вистинскиот чекор суштински вистински чекор кон намалување на корупцијата е конфискација на нелегално, нелегитимно стекнат имот. И мислам дека ова е правилен чекор кон ефикасна борба против корупцијата, особено корупцијата на високо ниво. Конфискацијата станува реална алатка во рацете на правосудните органи, изјави Зафировски.

Реклама

Конфискацијата на имот, иако законски е пропишана и сега, во текот на минативе години многу ретко се користеше за поврат на незаконски стекнатите средства. Според Зафировски има повеќе причини за такво нешто, а меѓу главните е немањето на политичка волја кај претходните политички чинители во земјава.

-Многу малку е применет во праксата во секојдневието. Па дури и таму каде што ќе се примени конфискација на имот, беше многу тешко повратот на тие средства да се реализира, заради Х правни причини и заради многу нејаснотии, недоречености во самата легислатива, но и во отсуство на политичка волја, изјави Зафировски.

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека повеќе од 50 предмети за висока корупција, кои со години биле затскриени, сега се во постапка и дека ова е само почеток со цел- украденото да се врати кај народот, да се испрати јасна порака дека криминалот станува неисплатлив, како и дека нема повеќе недопирливи. Со цел поттик украденото да се врати на државата и луѓето формиран е Национален совет за финансиски истраги и конфискација за имот, со кој претседава вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.

Матеја Петровски