Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

УКЛО-Битола објави дополнителен конкурс за запишување магистерски и докторски студии

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО)-Битола објави дополнителни конкурси за запишување на втор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО)-Битола објави дополнителни конкурси за запишување на втор циклус – магистерски студии и на трет циклус – докторски студии.

На универзитетските единици при УКЛО-Битола може да се запишат 548 кандидати за магистерски и 117 кандидати за докторски студии.

Според објавениот конкурс за магистерски студии, најмногу слободни места се понудени за упис на Правен факултет-Кичево, вкупно 78, и на Технички и Педагошки факултет во Битола по 73 слободни места.

Реклама

Во дополнителниот конкурс може да се врши упис и на научниот Институт за тутун во Прилеп каде што може да се студира на насоките Производство на тутун, Обработка и преработка на тутун и Агроменаџмент во тутунското стопанство, како и на Институтот за старословенска култура во Прилеп каде што може да се запишат 10 магистранди за отсекот Класична археологија.

Во дополнителниот конкурс за запишување студенти на трет циклус, докторски студии, УКЛО огласи 117 места на осум универзитетски единици и Научен институт за тутун во Прилеп.

Од УКЛО-Битола информираат дека јавниот конкурс е отворен до 8 јануари, а право на упис имаат домашни и студенти од странство.