Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

УЈП со засилени контроли: Авто-Такси превозници – Издавајте фискални сметки!

Управата за јавни приходи ги информира сите вршители на авто- такси превоз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи ги информира сите вршители на авто- такси превоз на патници дека во наредниот период ќе се спроведуваат засилени контроли со посебен акцент на издавањето фискални
сметки и почитувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена фреквенцијата на патници и активноста на авто-такси превозниците.

Даночните обврзници кои вршат авто-такси превоз должни се:
•Да користат мобилни фискални апарати со интегриран ГПРС уред;
•Да го регистрираат остварениот промет во фискалниот апарат;
•Да издаваат фискална сметка за секоја услуга во готовински промет;
•Да го евидентираат прометот во книгата на дневни финансиски извештаи, за секоја фискална каса поединечно;
•Да го уплатат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на платен промет најдоцна наредниот работен ден;
•Да имаат јасно и видно истакнато соопштение за задолжително барање на фискална сметка од страна на корисниците на услугата.

Реклама

Доколку граѓаните имаат сознанија за неправилности поврзани со авто-такси превозот или неиздавање фискални сметки во која било дејност, ги охрабруваме да пријават преку:
•Бесплатната телефонска линија: 198
•Е-пошта: [email protected]

Управата за јавни приходи ги разгледува добиените претставки и постапува согласно своите надлежности.

Апелираме до сите авто-такси превозници, како и до сите даночни обврзници, да постапуваат согласно законските прописи, со цел зајакнување на даночната усогласеност и подобрување на даночната
дисциплина.

Почитувањето на обврската за издавање фискални сметки и користење мобилни фискални апарати не е само законска обврска – тоа е придонес кон правично, транспарентно и фер работење на сите економски чинители.

Управата за јавни приходи останува посветена на спроведување на законите и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници. Почитувањето на законските обврски е заедничка одговорност и темел на функционален и праведен даночен систем.