Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

УЈП и ЗЕЛС одржаа обука за воведување на системот е-Фактура за општините и јавните претпријатија 

Во рамките на активностите за подготовка за воведување на системот е-Фактура, Управата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на активностите за подготовка за воведување на системот е-Фактура, Управата за јавни приходи (УЈП) во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) организираше обука на која учествуваа 80 претставници од општините и јавните претпријатија (ЈКП). На обуката беа презентирани функционалностите на овој систем и начинот на неговото користење, како и обврските и придобивките од електронското фактурирање.

Тимот на УЈП, преку бесплатната Веб апликација за користење на системот е-Фактура, освен што ги запозна присутните детално со низа постапки за неговото правилно користење, одговараше и на повеќе поставени прашања. Беше нагласено општините и ЈКП што помасовно да пристапат кон тестирање на системот, со цел навремено да достават сугестии и предлози во насока на поедноставување на процесите и обезбедување на негова поголема ефикасност. За подобра комуникација со тимот на УЈП, беше побарано општините и ЈКП кои досега не доставиле контакт-лице, тоа да го направат што поскоро. Кај присутните посебно внимание предизвикаа дилемите околу можностите за испраќање масовни фактури од страна на ЈКП кон граѓаните, можностите за интегрирање/поврзување на сегашните системи што ги користат одредени општини и ЈКП со системот е-Фактура, како и можностите за користење на постојните валидни сертифицирани потписи на корисниците.

Претставниците од тимот на УЈП посочија дека во оваа пилот-фаза тестирањето може да се спроведе преку: директна интеграција на системот е-Фактура со деловните информациски системи на корисникот преку API интерфејс или преку Веб апликација.

Реклама

Во овој момент се тестираат повеќе функционалности на системот е-фактура, како што се креирање, прием, валидација, преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-фактура, се тестираат повеќе типови на документи и даночни индикатори, а во следниот период се планира постепено зголемување на опфатот на тестирањето до целосно вклучување на сите процеси, сите даночни индикатори и сите типови на документи.

На крајот од работилницата беа посочени платформите за цели на тестирањето:

• Потребната документација е достапна на линкот: https://efakturawiki.ujp.gov.mk

• Регистрација и доделување на привилегии за користење на системот е-фактура: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg

• Тест платформа за е-фактура: https://efakturatest.ujp.gov.mk (овластеното лице се најавува и регистрира валиден квалификуван сертификат)

• Контакт мејл за поддршка: [email protected] (на кој може да се достават сите прашања и предлози кои произлегле од тестирањето)

Оваа обука е од особено значење бидејќи јавните претпријатија претставуваат значаен сегмент од јавниот сектор и се меѓу најголемите издавачи на фактури во државата. Нивната навремена подготовка и активно вклучување во процесот се од клучно значење за успешната имплементација на системот е-Фактура и за обезбедување непречен премин кон целосно електронско фактурирање.

УЈП изразува искрена благодарност до ЗЕЛС за успешната соработка и поддршката во организацијата на обуката, како и до сите јавни претпријатија и претставници од општините кои активно учествуваа, покажаа висок интерес и дадоа значаен придонес во подготовките за воведување на системот е-Фактура.

УЈП и понатаму ќе продолжи со организирање информативни и едукативни активности со цел сите обврзници навремено да се подготват за примената на системот е-Фактура, кој ќе придонесе за поефикасни, побрзи и потранспарентни деловни процеси и забрзување на дигиталната трансформација во земјата.