Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

УХМР: Годинашниот јули просечно топол и просечно врнежлив месец

Јули оваа година беше просечно топол и просечно врнежлив месец во споредба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јули оваа година беше просечно топол и просечно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности (1991 -2020), на ниво на држава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи по анализата на мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Македонија. Средномесечната температура во јули се движела од 18,0 степени во Маврово до 27,2 степени во Гевгелија.

-Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната температура беше просечна на ниво на држава. Највисоката максимална температура во државата беше измерена на 20 јули во Гевгелија и изнесуваше 39,5 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 10 јули, и изнесуваше 4,6 степени, соопшти УХМР.

Наведува и дека на 21 јули  беше регистриран екстремно силен ветер, со појава на оркански удари на повеќе мерни места. Во Штип бил регистриран најголемиот максимален удар со брзина на ветерот од 134 километри на час со правец од запад-северозапад, додека во Скопје – Зајчев Рид ветерот бил со максимален удар со брзина од 130 км на час од север-северозападен правец.

Реклама

-Месечната сума на врнежи во државата во јули 2026 варираше од 14 мм во Охрид до 60 мм во Крива Паланка. Врнежите беа од дожд и град. Максимално дневно количество на врнежи од 27 мм беше регистрирано во Крива Паланка на 2 јули. Споредено со јулската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше просечна на ниво на држава, информира УХМР.