Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

УФП: Кривична против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија и пет членови на комисија за злоупореби со издавање лиценци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија и претседателот и четворица членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, а повразано со издавање, обновување, продолжување и одземање лиценци за работа на доктори по стоматологија со што оствариле имотна корист за друштвата во вкупен износ од околу 515 илјади евра.

Првопријавениот М.Д., како што информираат од Финансова полиција, пречекорувајќи ги границите на службените овластувања доверени од Министерството за здравство за издавање, обновување, продолжување и одземање лиценци за работа на доктори по стоматологија, свесно и со однапред утврдена намера склучувал договори со непостоечки здруженија за спроведување облици на континуирано стручно усовршување преку кои докторите по стоматологија стекнувале бодови за обновување на лиценците.

-Воедно, првопријавениот бил основач, овластен потписник на банкарските сметки и еден од фактичките управители на ДДДММ – Друштво на доктори по дентална медицина на Македонија – Куманово, преку кое го изигрувал системот, постапувајќи спротивно на Правилникот за континуирано стручно усовршување и Законот за здравствена заштита – стои во соопштението од Управата за финансиска полиција. 

Реклама

Во координација со останатите пријавени, К.П. во својство на претседател и Л.Е., К.З., А.Д. и Г.Ќ.Ч. во својство на членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања, биле издавани решенија и склучувани договори  со цел спроведување на поголем број на настани годишно од она што е пропишано во Правилникот, овозможувајќи  им имотна корист за ДДДММ, Македонското стоматолошко друштво и Стоматолошкото друштво на Албанците, на чии банкарски сметки се исплатувале средствата од котизациите на докторите по стоматологија за сите противправно акредитирани и реализирани настани, а за таа цел здруженијата во нивен состав намерно не биле регистрирани како посебни правни лица.

Со горенаведените противправни дејствија, пријавените, како што информираат од Управата за финансиска полиција, оствариле имотна корист за друштвата ДДДММ друштво на доктори на дентална медицина на Македонија, Македонско Стоматолошко друштво и Стоматолошко Друштво на Албанците во вкупен износ од 31.969.250 денари или околу 515 илјади евра.

Тие се сомничат за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од КЗ на Македонија.