Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥 Училиште и за најхрабрите: Онлајн настава за децата со канцер од септември

Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања, кои подолг период претстојуваат на Клиниката за детски болести. Тие ќе учат он-лајн, а наставниците веќе имаат и обука како да се изведува наставата.

„ Децата со канцер, покрај лекување во болница, се рехабилитираат во домашни услови. Наставникот определен за детето може да го посети во домот, доколку има услови и доколку дозволи здравствената состојба на детето, или онлајн да го совладуваат потребниот материјал. Покрај тоа што тие нема да ја изгубат годината, тие ќе бидат и мотивирани“, изјави министерката Весна Јаневска.

Целта на овој проект е децата да немаат застој во воспитно – образовниот процес и по завршување на лекувањето, полесно да се ресоцијализираат, да се вратат во училиштето и меѓу другарчињата.

Реклама

“Овој проект е поддржан од Министерството за образование, Министерството за здравство, Клиниката за детски болести и НВО САНО. Во името на целиот колектив, на учениците во болница им посакувам успешна настава, а ние ќе дадеме се од себе да им помогнеме првин да ја совладаат болеста, а потоа бројките и буквите” – рече директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди.

Морам да признаам дека нашите 10 години, не се толку тешки колку што е барем еден ден на децата во болница.Се надевам и убедена сум дека ние во САНО цврсто веруваме дека со овој проект децата ќе имаат можност побрзо и полесно да оздрават и да се вратат назад кај другарите.Им посакувам успех од 1 септември” вели Марија Вук, претседателка на САНО.

Во моментов, на оддел за онкологија на Детската клиника има околу 20 деца. Лекувањето кај овие деца трае до две години, а првите шест месеци треба да бидат хоспитализирани.

Министерството за образование ја разгледува можноста и за онлајн настава за повредените во трагедијата во Кочани.