Реклама

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

Македонија

Учениците од ОУРЦ „Иднина“ од септември времено ќе учат во друг училишен објект

Учениците од основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во Чаир, од септември…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учениците од основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во Чаир, од септември времено ќе посетуваат настава во простории на Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Центар, каде за оваа цел, со поддршка од Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) ќе се адаптираат и реконструираат простории што досега не се употребувале.

По овој повод, денеска средното училиште го посетија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и претставници на раководството на МАТТО предводени од претседателот на управниот одбор на комората, Ајдован Адемоски, кои заедно со училишниот директор потпишаа договор за донација врз основа на кој ќе се реализираат градежните работи.

Јаневска рече дека Владата сериозно пристапува кон надминување на бројните наследени предизвици во образованието, а решенијата полесно се наоѓаат и остваруваат со поддршка од партнерите и соработниците, меѓу кои е и МАТТО, која во оваа ситуација, одвојува 100 илјади евра.

Реклама

„Комората ќе помогне во реновирањето и адаптирањето на простории во ова училиште, со цел, до септември да бидат оспособени за привремена настава и образование на учениците од основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во општина Чаир кое е во катастрофална состојба и бидејќи претставува ризик по здравјето и животот на децата и вработените, објектот е затворен, а се плаира изградба на нов“, рече Јаневска.

Информираше дека околу 70 редовни основци од „Иднина“ и 130 со кои се работи по индивидуални програми, ќе имаат пристап до безбедно и квалитетно образование од септември, а наставата во адаптираните простории ќе се одвива во две смени. Јаневска апелираше општествената одговорност на МАТТО Комората да биде пример кој ќе го следат и другите комори, организации и здруженија, затоа што, како што посочи, развојот на образованието треба да биде заедничка општествена мисија од чие остварување, корист имаме сите.

Претседателот на Комората, Ајдован Адемоски рече дека сите деца заслужуваат еднаков пристап до квалитетно образование и дека особено внимание треба да им се посвети на учениците со попреченост за да го достигнат својот полн потенцијал. Комората ќе продолжи да помага секаде каде што има потреба и согласно можностите.