Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

🎥 Убиство во Кавадарци, пред казино убиен е 43-годишен кавадарчанец, полицијата лиши од слобода тројца осомничени

Во раните утрински часови околу 5 часот, пред Казино на улицата „Никола…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во раните утрински часови околу 5 часот, пред Казино на улицата „Никола Минчев“ во новиот центар на Кавадарци, убиен е 43-годишниот кавадарчанец П.Толов. Според МВР, сега убиениот претходно физички бил нападнат од неколку лица, по што тој паднал на земја и му била потребна помош.

По пријавата за инцидентот, екипа од ОВР Кавадарци веднаш излегла на терен и утврдила за кое лице станува збор, а кое, и покрај укажаната помош од Итната помош, во 05.15 часот, сепак починало. Набрзо по крвавата пресметка, Полицијата привела три лица кои се сомничат дека биле инволвирани во тепачката.

Од слобода биле лишени 26-годишниот Д.Б., 35-годишниот М.Ѓ. и 27-годишниот Д.С., сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во ПС Кавадарци. Јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и полициски службеници извршија увид на местото, на надзорните камери од Казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава“, – информира Гоце Андреевски, портпарол од МВР.

Реклама

Според градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ова е четврто убиство или самоубиство само во последните четири месеци во градот, а поврзано со коцкањето, односно со казината, вклучително и на братоубиството кое се случи пред неполн месец. Ова станува  исклучително загрижувачки, вели тој, и апелира – државата под итно да преземе законски мерки за сузбивање на ова зло, кое се’ почесто ги „заробува“ и малолетниците.

Државата мора итно да реагира. Ако не друго, можеме да земеме пример од европските земји. Најпрвин, државата да стане сопственик на 51 посто од казината, потоа да има регистрање на секој играч, според лична карта и матичен број, врз база на што пак, ќе се добиваат талони или жетони за игра. И ако играчот потроши повеќе од 1/3 од просечната тримесечна плата, да има забрана за играње во наредните шест месеци. Така би се знаело кој колку е стар, а и со колкви средства располага, бидејќи од оваа зависност не страда само зависникот, туку и целото семејство тоне“, – дециден е градоначалникот Јанчев.

Инаку, сега убиениот кавадарчанец бил семеен човек, кој заедно со својот брат имале и приватна Градежна фирма. Неофицијално, според кавадарчани, во минатото тој имал проблеми и со нарко-зависност.